Министерот за надворешни работи Никола Попоски за време на синоќешното гостување во вестите на телевизија „Алфа“ истакна дека Европската комисија уште еднаш ги повторила препораките дека Македонија треба да ги започне преговорите за членство во ЕУ.
– На средбата со Филе конкретно разговаравме околу сето она што го имаме остварено досега во пристапниод диалог на високо ниво. Европската комисија ги повтори препораките дека треба да ги започнеме преговорите, во овој меѓупростор сметаме дека треба да се посветиме најмногу на оние прашања кои најмогу ќе ни бидат клучни за водењето на преговори, во прв ред целиот оној пакет што го нарекуваме добрососедство со посебен фокус на двете земји членки на ЕУ со кои сме соседи и во вториот дел владеење на правото, би рекол оној пакет на следење на примена на законодавтсвото коиј ќе биде најзначаен во идните проширувања за да се донесе одлука за членство во ЕУ – истакна Попоски.
Тој се осврна и на најавената средба од Нимиц, при што нагласи дека Македонија нема проблем во било која фаза да има отворен дијалог за спрот со името.
-Во секој случај наш интерес е да има интензивен разговор со јужниот сосед бидејќи сакаме да биде надминато ова прашање. Сметам дека од другата страна сите оние кој подолг временски период го следат спорот увидуваат дека раководството таму нема никаква намера да се занимава со ова прашање, повеќе се работи за тактичко презентирање на впечаток надвор дека Грција се обидува нешто да направи, дека има иницијативи а во суштина мислам дека нема некоја сериозна посветеност, во спротивно од тоа би било потврдено со прифаќање на дијалог на највисоко политичко ниво и со одговарање на поканата од страна на Груевски за директни контакти – истакна Попоски.
Според него, со одбивање на таква комуникација, како што рече Попоски, само се потврдува впечатокот дека Грција повеќе работи за испраќање сигналии надвор дека сака да биде конструктивна во овој дијалог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“



