| четврток, 6 декември 2018 |

Ховит за Шекеринска: ЕП не верува во бојкот на избори

ховит ричард– Европскиот парламент не верува во бојкоти на избори ниту во Македонија, ниту во која било друга земја, повтори известувач на ЕП за Македонија Ричард Ховит пред Радмила Шекеринска која беше меѓу учесниците на дебатата „Европската унија во 21-от век: проширувањето со нови членки – императив на европската агенда“.

Ховит повтори дека треба да се искористи историската можност за членство на Македонија во ЕУ.

-Мојата порака е дека ако има политичка волја да се надмине спорот уште е можно тој да се реши. Она што ќе се случи овде во неколку дена, ќе влијае на она што ќе се случува во Брисел во наредните години. Не сакам да обвинам никого, но перцепцијата за тој настан го става во прашање кредибилитетот на земјата, рече известитувачот во ЕП за Македонија Ричард Ховит.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top