| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Македонија постигнува завиден економски резултат, СДСМ излегува со шпекулации

Секогаш кога Македонија ќе постигне некој завиден економски резултат СДСМ излегува со обвинувања и шпекулации, со единствена цел да покријат колку тие биле неуспешни кога биле на власт.

Ова се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на претседателот на Совет за економски прашања на СДСМ, Кире Наумов, кој обвини дека власта манипулира со статистичките податоци.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека факт е и останува факт дека Македонија има четврт најдобар резултат во Европа, односно дека Македонија е четврта најниско задолжена во Европа.

– Да потсетиме, Кире Наумов, Ванчо Узунов и другите таканаречени економски експерти на СДСМ прогнозираа грчко сценарио и велеа дека Македонија ќе има негативни економски резултати за 2013 година – стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат на податоците на ММФ и Светската Банка дека Македонија е ниско задолжена земја и дека проектирале економски раст кој е многу блиску до владините проекции и до она што било реализирано.

„Добро Господине Наумов, како народот тогаш да верува во вашиот “експертлук”, кога сите аргументи и факти се против вас.Вие создававте стечајци, затворивте над 200 000 работни места, затворавте фабрики и ништо не изградивте“, велат од владејачката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top