| четврток, 6 декември 2018 |

Емил Кирјас ѝ се извини на Каролина Ристова Астеруд

kirjas se izviniЕмил Кирјас, поранешниот државен секретар во МНР од редовите на ЛДП, по јавната дебата со поранешната пратеничка и висока функционерка на СДСМ, Каролина Ристова Астеруд, во која „паднаа“ обвинувања за тоа кој бил, а кој не кадарен, а и кој каква функција имал, јавно ѝ се извини на нејзиниот „ѕид“ на Фејсбук.

Всушност, целата дебата и префрлања почна заради објавата на Астеруд околу советувањето на Ермира Мехмети во Министерството за одбрана. Кирјас ја прозва дека истото на времето го правела и таа, по што почна лавина од меѓусебни обвинувања и нагласувања на пикантерии за видни членови на опозицијата.emil karo 3

Астеруд побара извинување во рок од три дена заканувајќи се со тужба за клевета, а одговорот на Кирјас беше дека за тоа може да се советува и да ги приклучи и другите поранешни јавни функционери кои се споменати во дебатата.enil karo 4

Откако „Република“ објави за оваа кавга, во која учество земаа и други имиња од македонската јавна сцена, целата дебата беше префрлена во тајност, далеку од очите на јавноста. Емил Кирјас се извини.

Сепак, останува впечатокот дека, како и неколку пати од сега, работите поврзани со функционирањето на опозицијата повторно ќе се скријат под тепих.kirjas se izvini

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top