Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција побара одговор од директорот на УБК, Сашо Мијалков, дали фирмата во Чешка што не му била пријавена во имотниот лист си ја продал сам на себе.
Според опозициската партија на иста адреса во Прага биле регистрирани двете фирми и онаа која Мијалков ја продал и онаа која ја купила.
Директорот на УБК Сашо Мијалков ги отфрли тврдењата на СДСМ дека панамската фирма што портпаролот на СДСМ ја спомена на денешната прес-конференција е негова сопственост и најави тужба.
– Може и илјада пати да прашаат исто прашање. Но повторно останува истиот одговор. За бизнисот повеќе пати потврдив дека постои во странска држава и за него институциите веќе се произнесоа дека не претставува конфликт на интереси во однос на функцијата што ја извршувам. Панамската фирма што ја спомена портпаролот Шилегов не е моја сопственост, а прес – конференцијата е уште еден обид да се наруши мојот углед, без разлика што се обидуваат да го завијат во прашална форма, за што ќе следува нова тужба. За секое дополнително прашање на СДСМ професионално е да се обратат кај менаџментот на компаниите што ги посочуваат – стои во реакцијата на директорот на УБК, Мијалков.
Веќе станува банално, како што посочува, опозициската партија по стоти пат, во недостиг на проекти, да се обидува да исконструира некоја тема во разни варијанти, да отвора веќе затворени прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Мијалков бара јавна седница во скопска Апелација за притворот
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Притворен Сашо Мијалков по барање на СЈО



