| четврток, 6 декември 2018 |

Јотовски со шарм се справи со Фортуна

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски забележи убава победа за пласман во четврт-финалето на турнирот од фјучрс-серијата во Шарм ел Шеик.

Јотовски го елиминира петтиот носител Клаудио Фортуна и за настап во полуфиналето ќе игра против првиот фаворит Мохамед Сафет од Египет.

Фортуна поведе со 1-0 во сетови, а по лошиот почеток и само еден освоен гем во стартниот сет, Јотоски се разигра и направи победнички пресврт, добивајќи ги следните два сета со 6-4, 6-3.

Италијанскиот тенисер ќе му биде противник на Томи и во игра на двојки. Јотовски настапува во тандем со Нермин Фатиќ, а Фортуна за партнер во двојки го има сонародникот Торини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top