| четврток, 6 декември 2018 |

Владата продолжува да инвестира во студентските домови

studentskidom

Владата преку Министерството за образование и наука ќе продолжи да инвестира во сместувачките капацитети на студентските домови.

Министерот Спиро Ристовски посочи дека оваа влада досега има вложено 200 милиони денари во подобрување на условите и реконструкција на студентските домови.

– Се работеше на нови објекти во студентскиот дом „Стив Наумов“. Направен е посебен проект за медицинарот кој ќе се урива и гради во целост – истакна Ристовски.

Министерот, во врска со условите за сместување во студентскиот дом „Гоце Делчев“, рече дека веднаш по изборите ќе се работи на подобрување на условите во овој студентски дом во летниот период поради помала фреквенција на студенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top