Шеесетина субјекти покажале интерес за изградба на старски домови и детски градинки. Се работи за инвеститори од дома, но и странци. Меѓу заинтересираните има македонски иселеници од САД, но и инветситори од Шведска и Холандија, објави проталот Економски.мк. Засега интерес за изгрдба на старски домови покажале 37 субјекти од дома и од странство. За изградба на детски градинки имаме интерес од 25 субјекти. За нас ова е добар интерес и Владата апелира до инвеститорите да ги искористат поволностите кои се нудат за изградба на овие објекти“, вели владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев во изјава за економски.мк.
Владата на крајот на мината година ги олесни условите за изградба на ваков вид објекти. Со уредбата се предвидува локациите за изградба на детски градинки и старски домови да се продаваат по почетна цена од евро за квадрат.
Втората уредба предвидува комуналиите кои се наплаќаат за изградба на објект за дом за стари лица или за градинка да бидат намалени за 95% односно да изнесуваат само 5% од воспоставената цена за комуналиите.
Ова значи дека со донесувањето на овие две уредби обврската за почетна цена на наддавањето од едно евро за метар квадратен за локации за изградба на домови за стари лица или за градинки, и обврската за намалување на комуналиите за изградба на домови за стари лица или за градинки за 95%, стануваат задолжителни за секој субјект и на централната и на локалната власт.
Покрај ова, Владата преку Македонската банка за поддршка на развојот обезбеди и четири евтини финансиски инструменти кои можат да им послужат на приватните субјекти како извор на средства за реализација на инвестицијата, меѓу кои инструменти се и поволните кредитни линии со каматна стапка од 5,5 % која ја субвенционира Владата.
Како дел од поволностите од пакетот, Владата предвиде и поволности што се нудат преку Агенцијата за вработување на Република Македонија кои значат можност за субвенционирање за вработувања на лица во овие потенцијални инвестиции.
„На овој начин и со овие поволности се заокружува еден добар бизнис пакет кој што заинтересираните единки од бизнис заедницата можат да ги искористат за реализација на инвестиција во дом за стари лица или во детска градинка, и на тој начин од една страна да отворат работни места и да реализираат профитабилен бизнис, а од друга страна да придонесат за реализација на пошироките општествени цели во областа на социјалната политика“, вели Ѓорѓиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


