Ракометарката на Будуќност Милена Кнежевиќ со неспортски потег го заврши натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Будуќност и Ѓер. Таа со удар со глава ја нокаутира Анита Горбич по истекот на 60 минути. Натпреварот заврши нерешено 26-26. Судиите не го видоа овој потег на домашната ракометарка, но се очекува суспензија за следните натпревари по прегледувањето на снимката од ЕХФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



