Следниот петок, на 21 март, во клубот „Хавана “ македонскиот хардкор бенд „Смат“ (SMUT), ќе го прослави своето 18-годишно успешно опстојување на музичката сцена.
По тој повод, заедно со нивните верни обожаватели, бендот покрај роденденскиот концерт, ќе го пресними нивниот прв албум, ќе сними и видеоспот на самото снимање на албумот, а како гости ги покани и сите оние добри бендови кои ги сметаат не само за пријатели, туку и колеги чија музика ја сакаат.
– Како да беше вчера кога овој бенд почна да функционира и не постои начин да ви ја искажеме благодарноста. Не постојат зборови со кои би можеле да го опишеме тоа што го чувствуваме за вашата поддршка сите овие години. ДА – ќе изведеме песни што не сме ги свиреле со години и ДА – ќе има гости кои не се најавени, а ќе ве изненадат. Сите кои присуствувале на нашите концерти знаат што ќе се случува, а тие што не знаат ќе дознаат – велат од „Смат“.
Како специјални гости на концертот ќe бидат гостите „Melekh“ (Софија, Бугарија) и два скопски бенда кои изминатата година извадија одлични деби албуми, „Shock Troopers“ и „Gears“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


