| четврток, 6 декември 2018 |

Путин игра шах со добро смислени потези

Ру­ски­от пре­тсе­да­тел се до­ве­де во по­зи­ци­ја во ко­ја е во не­ви­де­на пред­ност за пре­го­во­ри. Ус­пеа да ја рас­пад­не си­ла­та на Укра­и­на од­на­тре, да пре­зе­ме укра­ин­ски ко­ман­дан­ти, да ги од­вра­ти спе­ци­јал­ци­те на Укра­и­на да ин­тер­ве­ни­ра­ат и, се­ка­ко, да соз­да­де ус­ло­ви по кои ко­ми­си­и­те за утвр­ду­ва­ње на фа­кти­те не­ма да ги утвр­дат фа­кти­те она­ка ка­ко пред да има­ше ин­тер­вен­ци­ја. Во се­то тоа Пу­тин знае де­ка Укра­и­на не­ма ка­па­ци­тет за да се спро­тив­ста­ви на ру­ска­та моќ, сме­та во­е­но-по­ли­тич­ки­от ана­ли­ти­чар Ме­то­ди Ха­џи-Ја­нев

Svet79-1

Си­ту­а­ци­ја­та во Укра­и­на е на раб на вој­на, а еска­ла­ци­ја­та го пла­ши це­ли­от свет за­тоа што мно­гу лес­но ќе го про­ме­ни гло­бал­ни­от по­ре­док. До­де­ка Ру­си­ја рас­по­ре­ду­ва до­пол­ни­тел­ни тру­пи во Укра­и­на, укра­ин­ски­от пре­ми­ер Ар­се­ниј Ја­це­њук пре­ду­пре­ду­ва де­ка зем­ја­та ни­ко­гаш не­ма да се отка­же од Крим. Во­е­но-по­ли­тич­ки­от ана­ли­ти­чар Ме­то­ди Ха­џи-Ја­нев сме­та де­ка Укра­и­на не­ма ка­па­ци­тет да се спро­тив­ста­ви на ру­ска­та моќ, па по­ра­ди тоа ка­ко па­ме­тен по­тег ја сме­та од­лу­ка­та на но­во­то укра­ин­ско ра­ко­водс­тво што за­се­га не вле­гу­ва во конф­ликт кој од­на­пред се знае де­ка ќе го за­гу­би. Во ва­кви окол­но­сти, тој оце­ну­ва де­ка на Укра­ин­ци­те не им оста­ну­ва ни­што дру­го освен да се мо­лат за по­мош иден­тич­но ка­ко пре­тсе­да­те­лот на Гру­зи­ја во 2008 го­ди­на.

 

Ме­то­ди Ха­џи-Ја­нев

Но, ка­ква по­мош мо­же да оче­ку­ва Укра­и­на? Да­ли мо­же да се на­де­ва на во­е­на по­мош или, пак, збо­ру­ва­ме за по­ли­тич­ка под­др­шка прос­ле­де­на со не­ка­ков вид еко­ном­ски санк­ции и бло­ка­ди кон Ру­си­ја?
Хаџи-Јанев: Укра­и­на мо­же да се на­де­ва на оваа по­мош. Но, сме­там де­ка тре­ба да рас­чи­сти­ме за ка­ква по­мош ќе збо­ру­ва­ме. За мо­рал­на, по­ли­тич­ка (мер­ки за бло­ки­ра­ње на Ру­си­ја та­му ка­де што се мо­же), еко­ном­ски санк­ции (ако мо­же во­оп­што да се спро­ве­дат за­ра­ди за­вис­но­ста на Евро­па од ру­ски­от гас) или, пак, за во­е­на ин­тер­вен­ци­ја. Иде­и­те на не­кои ана­ли­ти­ча­ри де­ка со­сед­ни­те зем­ји што се член­ки на НА­ТО тре­ба да го за­јак­нат при­ти­со­кот врз Ру­си­ја се бес­пред­мет­ни. Пу­тин мно­гу до­бро знае кои се ка­па­ци­те­ти­те на Ро­ма­ни­ја, Пол­ска или на бал­тич­ки­те зем­ји (да не збо­ру­ва­ме за Мол­да­ви­ја). Со ва­ква кон­сте­ла­ци­ја на од­но­си­те, ако мис­ли­те на во­е­на под­др­шка, лич­но сме­там де­ка шан­си­те се мно­гу ма­ли. За­па­дот не са­ка еска­ли­ра­ње на проб­ле­мот, тие ве­ќе по­ви­каа на дип­ло­мат­ски ре­ше­ни­ја. Пу­тин го зна­е­ше тоа и за­тоа по­бр­за да си ја оси­гу­ри по­зи­ци­ја­та во ко­ја ќе пре­го­ва­ра.

Сле­деј­ќи го раз­во­јот на кри­за­та, мно­гу­ми­на се пра­шу­ва­ат до ка­де е под­го­тве­на Мос­ква да оди во за­шти­та­та на ру­ско­то на­се­ле­ние во Укра­и­на и на ру­ски­те ин­те­ре­си. На кол­ка­ва те­ри­то­ри­ја од со­сед­на­та зем­ја е под­го­тве­на да дејс­тву­ва?
Хаџи-Јанев: Ру­си­ја не­ма из­лез за­тоа што со де­ста­би­ли­зи­ра­ње­то на Укра­и­на и со про­е­ктот за ин­ста­ли­ра­ње вла­да ко­ја е ло­јал­на на ЕУ (пред сѐ Гер­ма­ни­ја), таа е се­ри­оз­но за­гро­зе­на. Не тол­ку во­е­но, кол­ку еко­ном­ски. Со овие про­е­кти ру­ски­от па­зар ќе би­де преп­ла­вен и ќе до­ми­ни­ра­ат европ­ски про­из­во­ди, што ќе кре­и­ра се­ри­оз­на за­ка­на за еко­ном­ска­та ста­бил­ност во Ру­си­ја. За­се­га Укра­и­на е блок кој е за­штит­на зо­на од та­кви­от нап­лив. Спо­ред се­то тоа што го гле­да­ме, Ру­си­ја ќе се за­др­жи на Крим. Пре­ку не­го стра­те­ги­ски ќе ја за­др­жи сло­бо­да­та на ма­не­ва­рот во Цр­но Мо­ре, но и мож­но­ста за про­ек­ци­ја на си­ла до­кол­ку си­ту­а­ци­ја­та се вло­ши по од­нос на неј­зи­на­та без­бед­ност.

Ка­ко ги оце­ну­ва­те стра­те­шки­те по­те­зи на ру­ски­от пре­тсе­да­тел и да­ли не­го­ви­те по­стап­ки му обез­бе­ди­ја не­ка­ква пред­ност во слу­чу­ва­ња­та кои сле­ду­ва­ат?
Хаџи-Јанев: Пу­тин на­пра­ви че­кор по кој ќе би­де изу­чу­ван на стра­те­шко и на опе­ра­тив­но ни­во. Тоа се ог­ле­ду­ва во не­кол­ку фа­кти кои се пре­ле­ва­ат пре­ку пра­во­то, опер­ти­ка­та и стра­те­ги­ја­та (по­ли­тич­ки и дип­ло­мат­ски мер­ки). Пр­во, Пу­тин (за­ра­ди не­го­ви­те про­фе­си­о­нал­ни ка­па­ци­те­ти) ус­пеа да ги раз­бе­ре сла­бо­сти­те на де­мо­крат­ски­те оп­штес­тва мно­гу слич­но ка­ко што тоа го раз­бра и Ал Ка­е­да на по­че­то­кот на конф­ли­ктот со За­па­дот. Тоа, пред сѐ, се од­не­су­ва на те­шко­ти­и­те што ли­бе­рал­но-де­мо­крат­ски­от свет ги има за да ги за­шти­ти сопс­тве­ни­те цен­три на гра­ви­та­ци­ја (јав­но­то мис­ле­ње) и де­мо­крат­ски­те вред­но­сти на кои За­па­дот се оби­ду­ва да ги те­ме­ли си­те свои дејс­тва (на ова ќе се на­вра­там по­втор­но). Вто­ро, од пра­вен ас­пект, Пу­тин се дви­жи по тен­ка­та ли­ни­ја на пре­се­да­ни­те во овој кон­текст (кои ги поз­на­ва со­вре­ме­но­то ме­ѓу­на­род­но пра­во око­лу упо­тре­ба­та на си­ла). Тоа што тој го при­ме­ну­ва е пре­се­дан кој во ми­на­то­то е при­ме­ну­ван не­кол­ку па­ти. Ге­не­рал­но, (за­ра­ди про­сто­рот кој го има­ме) ос­но­ва­та за упо­тре­ба на си­ла (рас­по­ре­ду­ва­ње на си­ли­те од т.н. ius ad bellum ас­пект) тој за­се­га ја оправ­ду­ва со пра­во­то на са­мо­од­бра­на. Тоа што е спе­ци­фич­но е што не се по­ви­ку­ва са­мо на чле­нот 51, ту­ку на пра­кти­ка­та ко­ја во ми­на­то­то е ко­ри­сте­на и при­ме­ну­ва­на не­кол­ку па­ти од САД (Иран) и од Изра­ел (во Уган­да и во Ли­бан). Та­кви­от став се изв­ле­ку­ва од из­ја­ви­те што ги да­доа ру­ски­те офи­ци­јал­ни прет­став­ни­ци во ООН, но и од од­не­су­ва­ње­то на вој­ни­ци­те или оние во­о­ру­же­ни ли­ца што се рас­по­ре­де­ни во Крим. Ов­де би зак­лу­чил са­мо де­ка на ме­ѓу­на­ро­ден план оваа пра­кти­ка би­ла осу­ду­ва­на, но и под­др­жу­ва­на или во­оп­што Со­ве­тот за без­бед­ност на ООН не­мал ни­ка­ков став. Под­др­шка­та или осу­да­та за­ви­се­ла од ефе­кти­те и од кон­се­квен­ци­и­те на упо­тре­ба­та на си­ла. Но, тоа што е спе­ци­фич­но и се раз­ли­ку­ва од оваа пра­кти­ка е што Пу­тин, од пра­вен ас­пект, дејс­тву­ва пре­вен­тив­но и пред­вре­ме­но, со што ќе ре­че де­ка се по­ви­ку­ва на оби­чај­но­то пра­во на са­мо­од­бра­на, на кое се по­ви­каа САД во упо­тре­ба­та на си­ла врз Ирак. Иа­ко тие го из­бег­ну­ва­ат тоа од опе­ра­ти­вен ас­пект, си­ли­те за ста­би­ли­за­ци­ја не се ни­што дру­го ту­ку тоа – пред­вре­ме­но рас­по­ре­де­ни си­ли за за­шти­та на гра­ѓа­ни и до­бра на ту­ѓа те­ри­то­ри­ја. Тоа, пак, нѐ во­ди до вто­ри­от ас­пект, кој ве­ќе го спо­ме­нав, а за кој Пу­тин во­ди се­ри­оз­на сме­тка – опе­ра­тив­но­то од­не­су­ва­ње на рас­по­ре­де­ни­те си­ли. За­се­га, ако за­бе­ле­жу­ва­те, тие се од­не­су­ва­ат ка­ко да се на „по­каз­на веж­ба“, ко­га се учат одре­де­ни по­стап­ки. Име­но, во­о­ру­же­ни­те гру­пи што се над­вор на ули­ци­те не но­сат рам­ки на пу­шки­те – што би зна­че­ло де­ка ин­тен­ци­ја­та им е да по­ка­жат де­ка не­ма­ат агре­сив­на на­ме­ра, ту­ку са­мо од­бран­бе­на (што е во склад со реч­ни­кот за са­мо­стој­но ор­га­ни­зи­ра­ни од­бран­бе­ни си­ли на Крим). При кон­такт со укра­ин­ски­те си­ли тие не вле­гу­ва­ат ни­ту во вер­ба­лен кон­такт ни­ту во фи­зич­ки кон­такт. Ка­ко се нав­ле­гу­ва кон ба­зи­те (кои, исто та­ка, се дел од реч­ни­кот за оправ­ду­ва­ње – зна­чи до­бра – се мис­ли на ба­зи­те), овие вој­ни­ци се во­о­ру­же­ни, зна­чи во склад со пра­ви­ла­та на од­не­су­ва­ње од опе­ра­ти­вен ас­пект. Тоа што е но­во во опе­ра­тив­на смис­ла, е што овие си­ли во до­ктри­нар­на смис­ла не мо­же да се на­ре­чат ми­ров­ни (би­деј­ќи не­ма­ат ман­дат на Со­ве­тот за без­бед­ност). За­тоа, иден­тич­но ка­ко што на­пра­ви­ја САД во Ирак, Пу­тин ги на­ре­ку­ва си­ли за ста­би­ли­за­ци­ја (тер­ми­нот на САД бе­ше до­ктри­на за опе­ра­ции за ста­би­ли­за­ци­ја и под­др­шка). Стра­те­шки, пак, се­то тоа му да­ва не­ви­де­на пред­ност на Пу­тин.

Ка­ко Пу­тин во слу­ча­јов ус­пеа стра­те­шки да го над­му­дри За­па­дот?
Хаџи-Јанев: Ко­ри­стеј­ќи ги ос­нов­ни­те прин­ци­пи на во­ју­ва­ње­то, Пу­тин го ста­ви ак­цен­тот на два прин­ци­па, т.е. прин­ци­пи­те на из­не­на­ду­ва­ње и на ма­не­вар. Оваа од­лу­ка дој­де ка­ко ре­зул­тат на не­го­ви­те ка­па­ци­те­ти да про­ник­не во ка­па­ци­те­тот на од­лу­чу­ва­ње на за­пад­ни­те по­ли­ти­ча­ри. Што раз­бра Пу­тин од 2009 го­ди­на, па на­ва­му? Три ра­бо­ти. Пр­во, де­ка За­па­дот, пред сѐ САД, го пот­це­ни и ги пот­це­ни опе­ра­тив­ни­те и раз­уз­на­вач­ки­те из­ве­штаи на ко­а­ли­ци­ски­те парт­не­ри. Ако се разг­ле­да ди­на­ми­ка­та на до­не­су­ва­ње­то на но­ви­от стра­те­шки кон­цепт на НА­ТО од 2010 го­ди­на, ќе ста­не јас­но де­ка НА­ТО се по­де­ли по­ра­ди раз­ли­ки­те во пер­цеп­ци­и­те на за­ка­ни­те. Име­но, до­де­ка Пол­ска, Есто­ни­ја, Ле­то­ни­ја, Ли­тва­ни­ја пла­чеа за тоа но­ви­от стра­те­шки кон­цепт на НА­ТО да се фо­ку­си­ра на ре­а­фир­ми­ра­ње на чле­нот 5, САД, Хо­лан­ди­ја и уште не­кои дру­ги др­жа­ви сме­таа де­ка стра­те­шки­от кон­цепт тре­ба да се фо­ку­си­ра на ко­о­пе­ра­тив­на­та без­бед­ност. Вто­ро, ако во овој кон­текст ја ста­ви­те и тр­ка­та за ре­из­бор на Оба­ма, во ко­ја тој при из­не­су­ва­ње на стра­те­шки­те без­бед­нос­ни пре­диз­ви­ци, бу­квал­но, го ис­меа про­ти­вкан­ди­да­тот за тоа де­ка Ру­си­ја е ге­о­стра­те­шки не­при­ја­тел. Ко­неч­но, тре­то, Пу­тин ја раз­бра мо­ќта на ин­фор­ма­ци­и­те ка­ко ин­стру­мент на моќ во во­де­ње­то со­вре­ме­ни бор­бе­ни дејс­тви­ја. Пог­лед­не­те ја са­мо те­ле­ви­зи­ја­та „Ра­ша ту­деј“ (кла­си­чен пан­дан на аме­ри­кан­ска­та Си-Ен-Ен), во ко­ја из­вр­ту­ва­ње­то на не­шта­та е по­го­ле­мо од ко­га би­ло. Со тоа, Пу­тин стра­те­шки ја ин­хи­би­ра мо­ќта на за­пад­ни­те по­ли­ти­ча­ри во до­не­су­ва­ње­то на од­лу­ки­те. Во таа на­со­ка се и из­ве­шта­и­те за ки­бер­нет­ски­те на­па­ди кои ќе сле­ду­ва­ат мно­гу слич­но ка­ко во Гру­зи­ја во 2008 го­ди­на.

Од се­то тоа Пу­тин се до­ве­де во по­зи­ци­ја во ко­ја е во не­ви­де­на пред­ност за пре­го­во­ри. Ус­пеа да ја рас­пад­не си­ла­та на Укра­и­на од­на­тре, да пре­зе­де укра­ин­ски ко­ман­дан­ти, да ги од­вра­ти спе­ци­јал­ци­те на Укра­и­на да ин­тер­ве­ни­ра­ат и, се­ка­ко, да соз­да­де ус­ло­ви по кои ко­ми­си­и­те за утвр­ду­ва­ње на фа­кти­те не­ма да ги утвр­дат фа­кти­те она­ка ка­ко пред да има­ше ин­тер­вен­ци­ја. Во се­то тоа Пу­тин знае де­ка Укра­и­на не­ма ка­па­ци­тет да се спро­тив­ста­ви на ру­ска­та моќ. Не­кои би пред­ло­жи­ле де­ка укра­ин­ски­те си­ли мо­же да раз­ви­јат бун­тов­нич­ки опе­ра­ции. Ме­ѓу­тоа, тоа е слаб ар­гу­мент од при­чи­на што за да се раз­ви­јат ефе­ктив­ни бун­тов­нич­ки опе­ра­ции, е по­треб­на под­др­шка од на­се­ле­ни­е­то. Спо­ред тоа што го гле­да­ме од те­ре­нот, тоа не е слу­чај.

(Пишува: Ненад Мирчевски
Текст објавен во 79. број на неделникот „Република“, 7.03.2014)

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top