| четврток, 6 декември 2018 |

Михајловски: СДСМ критикува сѐ што е македонско

toni mihajlovski

– Со тој што по­сто­ја­но се жа­ли на не­ко­го, нај­ве­ро­јат­но, не­што не е во ред. Тој чо­век гле­да а не мо­же да ви­ди, слу­ша а не мо­же да слуш­не, ја­де а не чув­ству­ва ни­ка­ков вкус. Тој е ота­пен чо­век – вака Тони Михајловски ги коментира критиките на опозицијата поттикнати од гостувањето на пре­ми­е­рот во „Опу­ште­но“, ка­де што Никола Груевски збо­ру­ва­ше за сво­јот жи­вот, сво­е­то дет­ство, за при­ват­ни­те ра­бо­ти.

Во интервјуто за последниот број на „Република“, Михајловски вели: 

-Во пос­лед­ни­те го­ди­ни од опо­зи­ци­ја­та не слу­ша­ме ни­што дру­го освен кри­ти­ка. Де­ве­де­сет и де­вет про­цен­ти од кри­ти­ки­те се не­о­прав­да­ни, а еден про­цент е пре­мал­ку за да мо­жат да се сфа­тат се­ри­оз­но. Тоа се лу­ѓе од Ма­ке­до­ни­ја, кои кри­ти­ку­ва­ат сѐ што е од Ма­ке­до­ни­ја. Оста­ва­ат од­врат­на сли­ка за сопс­тве­на­та зем­ја и за сопс­тве­ни­от на­род и си­те тие не­га­тив­ни кри­ти­ки што ги до­би­ва­ме не ги до­би­ва­ме на сме­тка на тие што ја во­дат др­жа­ва­та, ту­ку ги до­би­ва­ме на сме­тка на ло­ша­та опо­зи­ци­ја, ко­ја е са­ма ви­нов­на за сопс­тве­ни­от про­паст. Таа е под­го­тве­на да об­ви­ни се­ко­го за сопс­тве­на­та про­паст, са­мо не се­бе­си. Не слуш­нав­ме ни­што кре­а­тив­но од нив­на стра­на. Ду­ри им пре­чи ко­га не­кој ќе би­де прет­ста­вен ка­ко при­ја­тел, со­сед, дру­гар од сред­но учи­ли­ште. Ние Гру­ев­ски го гле­да­ме осум го­ди­ни ка­ко збо­ру­ва за по­ли­ти­ка. Мис­лам де­ка не е са­мо по­ли­ти­ка­та со­ста­вен дел од не­го­ви­от жи­вот и ус­пеа да го по­ка­же тоа. Си­те кри­ти­ку­ваа де­ка јас сум се вов­ле­ку­вал та­му ка­де што сум се вов­ле­ку­вал, сум пра­вел тоа што сум пра­вел, а ни­кој не за­бе­ле­жи де­ка еми­си­ја­та тра­е­ше еден час и 49 ми­ну­ти. Ја ис­пи­ле еми­си­ја­та ка­ко еден и два, ја про­гол­та­ле ка­ко таб­ле­та за здрав­је и за до­бро рас­по­ло­же­ние и по­тоа, отка­ко вли­ја­е­ла по­зи­тив­но на нив, не­на­вик­на­ти на тол­ку по­зи­тив­на енер­ги­ја, мо­ра­ше да отру­јат со не­што за да се вра­тат на свое. Ина­ку ќе беа на гра­ни­ца да ста­нат до­бри лу­ѓе.

(Целото интервју со Тони Михајловски можете да го прочитате во 79. број на „Република“, што од денеска, 7 март 2014 година, е во продажба)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top