Лидерот на проруските протести во украинскиот град Доњецк, Павел Губарев, е уапсен денеска во неговиот стан.
Десетмина припадници на украинската Служба за безбедност го упасиле Губарев под обвинение „за непочитување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата“. Губарев не се спротивставил на апсењето.
Бизнисменот од Доњецк ги предводеше демонстрантите, кои ја блокираа зградата на регионалната администрација и на неа го истакнаа руското знаме, се додека вчера украинските власти повторно не ја презедоа контролата.
Губарев себе си се нарече „народен гувернер“ и побара од пратениците во локалната администрација на Доњецк да ги прекинат врските со Киев, како и да го постават за прв човек на полицијата во овој град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



