| четврток, 6 декември 2018 |

Книжевна средба во рамките на „Фестивалот на чајот и на читањето“ во „Феникс“

Во Културниот центар „Феникс“ денеска, со почеток во 11 часот, ќе се одржи промоција на нови книги и книжевна средба со Марина Мијаковска, Славчо Ковилоски, Гоце Ристовски и Петко Шипинкаровски. Медијатори на средбата ќе бидат Елена Пренџова и Христо Петрески, а ќе учествува и литературниот критичар Мишо Китаноски.

Промоцијата се одржува во рамките на манифестацијата „Фестивалот на чајот и на читањето“, а на свеченоста ќе бидат доделени и наградите „Прозни мајстори“ и „Македонска книжевна авангарда“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top