| четврток, 6 декември 2018 |

Опасна е Шпанија, „црвената фурија“ доминираше против Италија (видео)

Опасна е Шпанија, првиот наш противник во квалификациите за пласман на ЕП во Франција 2016 година, а потврда за квалитетот е вчерашната лесна победа против Италија.

Пријателскиот дуел меѓу двата гиганти заврши со резултат од 1-0, но ако се погледне статистиката, тогаш е јасно кој доминираше. Шпанците дадоа еден гол, по извонредниот триаголник што почна од Силва, продолжи со „петицата“ на Иниеста и заврши со прецизниот удар на Педро во 63. минута.

Шпанците имаа 70 проценти посед на топка и упатија неверојатни 21 удар кон голот на Буфон. Домаќините дејствуваа расположено, одиграа многу квалитетно и само потврдија дека се апсолутен фаворит за првото место во квалификациската група со Македонија, Украини, Белорусија, Словачка и Луксембург.

Секако претходно имаат уште поголем предизвик со настапот на Светското првенство во Бразил од 12 јуни до 13 јули годинава.

Во составот на „црвената фурија“ дебитираше опасниот Бразилец Диего Коста, кој доби шпански пасош и вчера против Италија го одигра првиот меч за актуелниот светски и европски првак.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top