Владата на Србија одлучи да прифати заем од Обединетите Арапски Емирати вреден милијарда долари, по поволни услови и проценка, од првиот потпретседател на Владата Александар Вучиќ, дека со тоа ќе се заштедат околу 300 милиони евра.
Министерот за финансии Лазар Крстиќ кој денеска се очекува да го потпише договорот за кредит, рече дека Србија на годишно ниво ќе заштеди по 40 милиони долари односно околу 400 милиони долари за десет години.
– Тоа е добар сигнал од меѓународнатаз аедница и инвеститорите дека Србија има кредибилитет – истакна Крстиќ на седница на Владата.
Кредитот е со камата од два отсто, рок на враќање од 10 години и со отплата на кредитот се почнува по шест месеци од датумот на повлекување на парите.
– Главниот дел од кредитот не се отплаќа до крајот на периодот, што значи дека постои грејс период од десет години за враќање на главнината од долгот – нагласи министерот.
Според Вучиќ, кредитот ќе се искористи за пополнување на дупките во буџетот и за репрограмирање неповолни кредити со камата од 7,5 отсто добивани пред четири и пет години, но и очекува дел од парите да се вложат во производство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



