Украинската гранична служба утрово соопшти дека на руската страна на границата односно на тесниот морски премин што ја дели Русија и украинскиот регион Крим регистрирани се голем број оклопни возила.
– Поголемиот број од тие возила се наоѓаат во близина на пристаништето на руската страна на каналот Керч, спроти истоимениот украински град – изјави портпаролот на украинската гранична патрола.
Во Брисел, пак, министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија денеска во Брисел ќе разговараат за ситуацијата во Украина.
Вонредниот состанок е на повик на Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон, по иницијатива на Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



