| четврток, 6 декември 2018 |

Најсподелуваното самофотографирање (ФОТО)

Затоа што Мерил Стрип го држи рекордот со 18 номинации за наградата „Оскар“, домаќинката на синоќешното доделување на филмските награди, Елен де Џенерис, ја замоли актерката заедно да урнат уште еден рекорд – оној за најсподелувана фотографија на „Твитер“.

На фотографијата се приклучија сите актери што беа во близина, па ова оскаровско самофотографирање со засега 2,4 милиона споделувања го урива претходниот рекорд на американскиот претседател Барак Обама, кој со наслов „Уште четири години“ ја сподели фотографијата од неговата повторна победа на изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top