Шумската полиција и кумановските полицајци вчера заплениле 100 кубни метри огревно дрво, но дрвокрадците засега не се откриени.
При вршење на редовна патролна дејност на подрачјето на општина Липково, од страна на полициските службеници е забележано дека на повеќе локации покрај патот има има исечено огревни дрва, кои се складирани и спремени за транспорт. Од извршените проверки во ЈП „Македонски шуми е констатирано дека тие немаат издадено дозволи за сечење на шуми, што значи дека дрвата бесправно се исечени.
Бидејќи ваквата појава е зачестена во Липковскиот регион, вчера полициските службеници од СВР Куманово во содејство со Шумска полиција спроведоа акција на подрачјето на општина Липково. Во текот на акцијата на повеке локации во атар на селата Гошинце, Думановце и Глажња се пронајдени околу 100 метри кубни дрва кои од страна на непознати сторители бесправно се исечени и складирани покрај патот спремени за транспорт. Бидејќи дрвата не беа маркирани, односно немаат жиг истите од страна на Шумска полиција се одземени и пренесени во склад на Шумско стопанство Куманово.
Во текот на минатата година на ниво на СВР Куманово се спроведени повеќе редовни и акциски контроли при што се одземени вкупно 11 товарни моторни возила со околу 60 метри кубни дрва, кои се предадени на Шумското стопанство во Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кривични пријави за пет лица од Радовиш: Краделе дрва и им се заканувале на шумарите дека ќе ги тепаат
-
Вработените во „Фени“ и без дрва и без плата: Синдикатот им наплатил, но не им доставил огревно дрво
-
Од оваа година на пазарот сѐ помалку ќе има огревно дрво
-
Повик за склучување договори за огревно дрво и техничка дрвна маса



