Рускиот претседател Владимир Путин до Советот на Федерацијата поднесе барање за испраќање руски вооружени сили на територијата на Украина се до нормализирањето на општествено-политичката ситуација во земјата, соопшти прес службата на Кремљ.
Путин овој свој чекор го образложил со неопходноста од заштита на руските граѓани и персоналот на руската воена база во украинскиот стратегиски регион Крим.
Рускиот Парламент го одобрил барањето на претседателот Владимир Путин за воена интервенција, јави Гардијан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



