Англиските медиуми остворено го критикуваат дуото Р&Р, Руни и Робин (Ван Перси) и сметаат дека тие имаат голем дел од вината за лошите резултати на Манчестер јунајтед сезонава.
„Тие играат како да се првпат заедно на теренот. Како да се странци и воопшто не соработуваат меѓусебе, а од тоа логично произлегуваат лоши резултати и бледи игри за Манчестер“, вели аналитичарот на „Дејли Мејл“, Џон Едвардс.
Тој ги поткрепи критиките со факти, што се шокантни за двете ѕвезди на „црвените ѓаволи“. Руни и Ван Перси само по еднаш си асистираа меѓусебе на дуелот во Атина, што заврши со пораз на Манчестер од 0-2.
„Лани статистички пресметано, двајцата напаѓачи имаа по 8,7 паса меѓусебе, а оваа сезона си додаваат помалку, по 6,9 пати. Како да го загубија чувството за колективна игра, а ја нема ниту страста за игра, за атак кон противничките голови“, пишува Едвардс.
И двајцата се во топ-10 стрелци во Премиерлигата, искомбинираа 21 погодок, но позициите им се во вториот дел од листата. Робин е осми стрелец со 11 голови, а Руни со погодок помалку ја дели деветтата позиција. Англичаните велат премалку за напаѓачи што се скапо платени (Руни со новиот договор има 300 илјади фунти неделна плата) и од кои се очекува многу повеќе стрст во играта, подобра соработка и повеќе голови и асистенции.
ФОТО: Дејли мејл
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


