| четврток, 6 декември 2018 |

Кире Лазаров: Знаевме што не чека во Скопје

metalurg-barcelona-6-Сакам да им честитам на играчите на Металург, мислам дека одиграа одличен натправар тактички беа добро подготвени , едноставно имаа ден. Ние дојдовме да победиме но тоа не се случи. Сепак нашата цел ја остваривме , завршуваме како први во групата , една битка изгубивме , од оваа битка ќе научиме добра лекција. Треба да се биде искрен и да се честита на подобриот, ова добро ќе ни дојде за во осмина финалето , четвртфиналето и во фајнал форот да бидеме попретпазливи, како што реков доколку дојдеме до крај- порача на прес конференцијата по мечот Металург – Барселона и големата победа на екипата од Автокоманда.

-Знаевме , јас особено знаев добро што не очекува, каква  бавна и умна игра не очекува во Скопје , тоа и се оствари не фати нервоза. Постојано бркавме резултат, тоа е тешко против екипа кој што знае што сака. Не сме разочарани ќе бидеме уште помотивирани за да дојдеме до целта- изјави капитенот на Македонската репрезентација Кирил Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top