| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете кои се светски ѕвезди потекнуваат од Балканот:Шакира, Рита Ора….

Медиумските места се почесто ги полни британската пејачка Рита Ора, која потекнува од Косово, но тоа дефинитивно не е единствена светска позната личност која потекнува од просторите на поранешна  Југославија, објави порталот „Во Штип.“

Ретко кој не е слушнал за сопругата на раперот Ice T, Coco, но малку знаат дека оваа старлета е со потекло од бивша Југославија.

-Да мешана сум. Моите баба и дедо се од Југославија, изјави во едно интервју  Coco, но не наведе точно од каде. Сепак на „Википедија“ се наведува дека старлетата е од Србија.

Таткото на Шакира, Вилијам Мебарак Чадид по потекло е пола Либанец а пола Македонец- тој податок стои и на страната www.guardian.co.uk како и на службената страница на музејот за восочни фугури „Мадам Тисо“.

И ѕвездата на серијата „Дарма и Грег“ Џена Елфман по татко потекнува од Хрватска, додека нејзината колешка Денис Ричардс од една страна е од Хрватска а од друга Франција и Германија.

Преубавата Мила Јововиќ како што и презимето открива има корени од Балканот. Нејзиниот татко Богдан бил доктор во Киев каде ја запознал нејзината мајка руската актерка Галина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top