| четврток, 6 декември 2018 |

Хедонизам во МПЦ – ОА: Вла­ди­ци­те на јах­та, црквите празни

odi 2

Ан­ке­та­та на Цен­та­рот за истра­жу­ва­ње и за кре­и­ра­ње по­ли­ти­ка за до­вер­ба­та на гра­ѓа­ни­те во ин­сти­ту­ци­и­те на прв пог­лед е шо­кант­на. Ако се знае де­ка и кај ис­лам­ски­те вер­ни­ци во зем­ја­ва не вла­дее осо­бе­но по­зи­тив­но мис­ле­ње за ра­бо­та­та на Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца ка­ко вто­ра нај­сил­на вер­ска за­ед­ни­ца, то­гаш, на­ви­сти­на, е чуд­но ка­ко вер­ски­те за­ед­ни­ци се ме­ѓу три­те ин­сти­ту­ции со нај­го­ле­ма до­вер­ба во зем­ја­ва. Не­ма ни­ка­ква ло­ги­ка МПЦ-ОА да би­де вед­наш зад ар­ми­ја­та на РМ ко­га во јав­но­ста нај­го­лем дел од вла­ди­ци­те не се поз­на­ти по сво­и­те де­ла и ду­хов­ност, ту­ку по­ра­ди кон­тро­верз­ни­те из­ја­ви, фи­нан­си­ски­те скан­да­ли, ска­пи­те во­зи­ла и ка­вги­те со вер­ни­ци­те.

Кој е тој пра­вос­ла­вен вер­ник што тол­ку мно­гу ве­ру­ва во МПЦ-ОА ако ја слуш­нал из­ја­ва­та де­ка вла­ди­ка­та и порт­па­рол на Све­ти­от си­нод ќе ко­ле по ед­на кра­ва се­кој ден пред пор­ти­те на сѐ уште не­поч­на­ти­от ту­ри­стич­ки цен­тар на Су­бра­та Рој, ако слуш­нал де­ка Скоп­ска­та епар­хи­ја са­мо од имо­ти­те во Со­пи­ште за­ра­бо­ти­ла 9 ми­ли­о­ни евра, а не са­ка да на­пра­ви но­ва цр­ква за вер­ни­ци­те, чиишто пред­ци тие имо­ти ги да­ри­ле како ва­каф и пос­лед­но, но не по­мал­ку важ­но, кој е тој вер­ник што гле­да ка­ко не­го­ви­те вла­ди­ци се во­зат со не­по­треб­но ска­пи во­зи­ла и во нај­но­ви­от слу­чај во­зат јах­та, а прет­ход­но се за­кол­на­ле на скром­ност и на си­ро­ма­шти­ја.

 

Целиот разговор можете да го прочитате во најновиот, 77. број на Република, што од денеска, 21.2.2014 година, е во продажба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top