| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ ги потцени неалбанците

Ба­ра­ње­то за кон­сен­зу­а­лен пре­тсе­да­тел го не­ма во Мај­ски­от до­го­вор , го не­ма ни­ту во рам­ков­на­та спо­год­ба што ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ја на­пра­ви­ја при вле­гу­ва­ње­то во за­ед­нич­ка­та вла­да во 2008 го­ди­на. Ду­ри и на­про­тив, ба­ра­ње­то за ва­ков на­чин на из­бор на пре­тсе­да­тел е во ди­рект­на спро­тив­но­ст со прин­ци­пот што ДУИ го на­мет­на ко­га вле­зе во вла­да­та ба­рај­ќи најм­но­гу­број­ни­те во се­ко­ја ет­нич­ка гру­па да има­ат за­га­ран­ти­ра­но ме­сто на Илин­ден­ска

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Ба­ра­ње­то на ДУИ за кон­сен­зу­а­лен кан­ди­дат и уце­ни­те де­ка ќе ги бој­ко­ти­ра из­бо­ри­те отво­ри­ја мно­гу пра­ша­ња што ќе тре­ба да ги од­го­во­ри по­ли­тич­ка­та пра­кти­ка. Ако ВМРО-ДПМНЕ се сог­ла­си со ба­ра­ње­то на ДУИ, ќе се сог­ла­си ли то­гаш Ах­ме­ти во Те­то­во да има за­ме­ник-гра­до­на­чал­ник од ма­ке­дон­ска или од дру­га на­ци­о­нал­ност за­тоа што зад не­го за­ста­на­ле и Ма­ке­дон­ци или обрат­но, се­га Те­у­та Ари­фи не­ма ни­ка­ква ле­ги­тим­ност за­тоа што не е из­бра­на со кон­сен­зус. Но ова е са­мо ед­но од мно­гу­те пра­ша­ња.

Во јав­но­ста до­се­га мал­ку­ми­на од ма­ке­дон­ски­те ана­ли­ти­ча­ри јав­но го­во­ре­ле на оваа те­ма. По­ра­неш­ни­от пра­те­ник Але­ксан­дар Пан­дов, ина­ку исто­ри­чар, кој ве­ќе не е по­ли­тич­ки акти­вен, сме­та де­ка Ах­ме­ти мо­ра да има пред­вид де­ка со са­мо­то ко­а­ли­ци­ра­ње на ма­ке­дон­ски пар­тии со по­ли­тич­ки суб­јект што кре­нал ра­ка на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва е на­пра­вен го­лем ком­про­мис и де­ка по­стои гра­ни­ца пре­ку ко­ја не мо­же да се по­ми­не.

 

Пан­дов: Ка­ко нај­сил­на пар­ти­ја, ВМРО-ДПМНЕ мо­ра да има свои кан­ди­да­ти

Во вр­ска со нај­а­ва­та за бој­кот на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри, Пан­дов се пра­шу­ва и да­ли се ра­бо­ти за автен­тич­на по­ра­ка од Ма­ла Ре­чи­ца или за на­лог од дру­ги цен­три на моќ од зем­ја­ва и осо­бе­но од странс­тво.

– Во се­кој слу­чај, ДУИ мо­ра да има то­ле­ран­ци­ја кон пра­во­то на ма­ке­дон­ски­те пар­тии да истак­на­та свои кан­ди­да­ти, а осо­бе­но ко­га се ра­бо­ти за ВМРО-ДПМНЕ. Пар­ти­ја­та на власт, ко­ја ве­ќе осум го­ди­ни е убед­ли­во нај­сил­ни­от по­ли­тич­ки суб­јект во зем­ја­ва, има пра­во, но пред сѐ об­вр­ска да пред­ло­жи кан­ди­да­ти што сме­та де­ка ќе би­дат на ли­ни­ја на тоа што зна­чи др­жав­ност, кон­ти­ну­и­тет, на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си. За­мис­ле­те на што би ли­че­ло ДУИ или ко­ја би­ло дру­га пар­ти­ја со за­ка­ни и уце­ни да го из­би­ра пре­тсе­да­те­лот на зем­ја­ва, а тој да не­ма под­др­шка од нај­го­ле­ми­от број гла­са­чи, што е су­шти­на на де­мо­кра­ти­ја­та – од­го­ва­ра Пан­дов на пра­ша­ње­то да­ли зем­ја­ва тре­ба да до­бие кон­сен­зу­а­лен кан­ди­дат за пре­тсе­да­тел.

Двај­ца дру­ги ана­ли­ти­ча­ри кон­сул­ти­ра­ни на иста­та те­ма ве­лат де­ка не са­ка­ат јав­но да вле­гу­ва­ат во по­ли­тич­ки ко­мен­та­ри за­тоа што не са­ка­ат до­пол­ни­тел­но да ја комп­ли­ку­ва­ат со­стој­ба­та. Спо­ред ед­ни­от од нив, по­стои опас­ност од­би­ва­ње­то на ДУИ да ја вло­ши си­ту­а­ци­ја­та во вла­да­та и да отво­ри мож­ност за дол­го­трај­на кри­за ду­ри и ако има пред­вре­ме­ни из­бо­ри. За вто­ри­от, пак, не­ма ди­ле­ми де­ка од ва­кви­от на­стап не мо­же да из­ле­зе со­стој­ба од ко­ја си­те ќе би­дат за­до­вол­ни. Спо­ред не­го, ДУИ тол­ку мно­гу го по­диг­на вло­гот што ве­ќе не­ма вра­ќа­ње. До­кол­ку Ах­ме­ти би­де од­би­ен од Гру­ев­ски, тој ќе мо­ра да на­пра­ви не­што ра­ди­кал­но за да го спа­си обра­зот, ина­ку не­го­ва­та по­пу­лар­ност и до­вер­ба­та кај ал­бан­ски­от еле­кто­рат ќе би­дат зна­чи­тел­но на­ру­ше­ни.

goran-kol-28-ali-ahmeti

ДУИ се „прес­ме­та“

Кол­ку ДУИ вле­зе не­под­го­тве­на во опе­ра­ци­ја­та „кон­сен­зу­а­лен кан­ди­дат“ по­ка­жу­ва и про­ста­та ма­те­ма­ти­ка, спо­ред ко­ја и без ал­бан­ски гла­со­ви, ду­ри и без дру­ги­те мал­цинс­тва, лес­но мо­же да би­де из­бран пре­тсе­да­тел.

Во 2009 го­ди­на за из­бор на пре­тсе­да­тел гла­са­ле мал­ку по­ве­ќе од еден ми­ли­он гра­ѓа­ни. На пос­лед­ни­те ло­кал­ни из­бо­ри има­ло вкуп­но 1.743.403 гра­ѓа­ни со пра­во на глас, а на из­бо­ри­те во 2011 го­ди­на гла­са­ле 1.124.000 гра­ѓа­ни. Имај­ќи пред­вид де­ка ал­бан­ски­те гла­со­ви во­о­би­ча­е­но се дви­жат ме­ѓу две­сте (на пре­тсе­да­тел­ски) и две­сте и пе­де­сет ил­ја­ди (на ло­кал­ни из­бо­ри), јас­но е де­ка до­кол­ку гла­са­ат и са­мо Ма­ке­дон­ци­те, се­пак има ре­ал­на мож­ност да би­де из­бран ле­ги­ти­мен пре­тсе­да­тел. Ов­де не тре­ба да се иск­лу­чи и зго­ле­му­ва­ње на од­ѕи­вот кај Ма­ке­дон­ци­те за­тоа што ќе би­де јас­но де­ка ду­ри и не­за­ин­те­ре­си­ра­ни­те ќе ре­а­ги­ра­ат емо­тив­но на оби­дот на ДУИ да на­мет­не пре­бро­ју­ва­ње и ре­ди­стри­бу­ци­ја на по­ли­тич­ка­та моќ ме­ѓу два­та нај­го­ле­ми ен­ти­те­та во зем­ја­ва.

Аде­ми: ДУИ одра­бо­ту­ва за ВМРО-ДПМНЕ

За ана­ли­ти­ча­рот Ед­монд Аде­ми ДУИ не е искре­на кон ал­бан­ски­те гла­са­чи ко­га по­ви­ку­ва на бој­кот по­ра­ди не­ка­кво не­ис­пол­ну­ва­ње „прин­ци­пи­е­лен“ став за кон­сен­зу­а­лен кан­ди­дат. На сво­јот про­фил на „Фејс­бук“ Аде­ми пи­шу­ва де­ка зад евен­ту­ал­ни­от „бој­кот“ од стра­на на ДУИ на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри, всуш­ност, се крие до­го­вор со ДПМНЕ. И ДУИ и ДПМНЕ се свес­ни де­ка Ал­бан­ци­те не­ма и не мо­жат да би­дат на­те­ра­ни да гла­са­ат за кан­ди­да­тот на ДПМНЕ (Ча­ир, и Ку­ма­но­во јас­но го по­ка­жаа тоа на ло­кал­ни­те из­бо­ри) и ако ве­ќе не мо­же да се кон­тро­ли­ра­ат, ба­рем да се по­ви­ка­ат на бој­кот со цел да се из­бег­не гла­са­ње за кан­ди­да­тот на опо­зи­ци­ја­та, сме­та Аде­ми. Спо­ред не­го, и бој­ко­тот, ка­ко што го нај­а­ву­ва ДУИ, оди на кон­то­то на ВМРО-ДПМНЕ, а те­за­та де­ка без Ал­бан­ци­те не мо­же да се из­бе­ре пре­тсе­да­тел се при­каз­ни за ма­ли де­ца. Ако, на­ви­сти­на, са­каа из­бо­рот на пре­тсе­да­тел да за­ви­си од Ал­бан­ци­те, по­ли­тич­ки­те пар­тии на Ал­бан­ци­те тре­ба­ше да раз­мис­лат за тоа ко­га под­др­жаа спу­шта­ње на цен­зус од 50 про­цен­ти на 40 про­цен­ти, сме­та Аде­ми!

СДСМ со свои прес­ме­тки

Се раз­би­ра, це­ла­та оваа ма­те­ма­ти­ка мо­же да ја ур­не СДСМ, ко­ја, и по­крај сѐ, е во не­за­вид­на си­ту­а­ци­ја во овој пог­лед. До­кол­ку СДСМ се ре­ши да ја сле­ди ДУИ во обид да не би­де из­бран кан­ди­да­тот на ВМРО, огро­мен број Ма­ке­дон­ци не­ма да оста­нат на­стра­на за­тоа што и по­крај пар­ти­ски­те по­дел­би во зем­ја­ва сѐ уште нај­го­ле­ми­от по­ли­тич­ки про­тив­ник не се пар­ти­и­те од дру­ги­от иде­о­ло­шки та­бор, ту­ку дру­га­та ет­нич­ка за­ед­ни­ца и нив­ни­те ба­ра­ња за фе­де­ра­ли­за­ци­ја.

До­кол­ку по пр­ви­от круг, СДСМ во вто­ри­от круг од пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри до­бие по­мал број гла­со­ви за сво­јот кан­ди­дат, то­гаш ќе би­де јас­но де­ка се ра­бо­ти за ти­вок бој­кот, кој не­ма да би­де про­стен ни­ту од нај­вер­ни­те сим­па­ти­зе­ри на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те. Осо­бе­но ако по­ра­ди тоа утре ДУИ дој­дат во си­ту­а­ци­ја да по­ста­ву­ва­ат но­ви ба­ра­ња, кои ќе мо­ра да би­дат при­фа­те­ни.

(објавено во 76. број на неделникот „Република“, 14.02.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top