| четврток, 6 декември 2018 |

„Квин оф д стоун ејџ“ на „Егзит 2014“

Ги нарекуваат едно од најважните рок-имиња на денешницата. Групата, проектот, концептот и ставот, „Квин оф д стоун ејџ“ (Queens of the Stone Age) доаѓа  во Србија во јуни. Фестивалот „Егзит“ ја покрена идејата за нов еднодневен рок-фестивал на 11 јуни со „Квин оф д стоун ејџ“, со што ќе почне големата летна авантура наречена „Егзит“, која со ова го добива и својот осми ден. Најверните фанови на „Егзит“, пак, ќе имаат можност да го одберат градот во Србија во кој ќе биде одржан овој фестивал.

Американскиот состав, кој го предводи музичарот Џош Хом, ќе го претстави својот последен албум „…Like Clockwork”, кој е објавен во јуни 2013 година.

Јакиот рокенрол звук на составот, на музичката сцена доминира веќе седумнаесет години, а досега освоиле многубројни признанија од публиката и од критиката, и шест пати се номинирани за наградата „Греми“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top