
На Универзитетот „Кембриџ“ денеска ќе биде одржана панел-дискусија на тема „Довженко/Манчевски: тишина, говор и поглед“.
Дискусијата е дел од семинарите и дискусиите ориентирани кон темата „Нови интердисциплинарни пристапи“, при што заинтересирани студенти, научници и истражувачи можат да учествуваат во разни тематски дебати, соопшти „С Прес“.
Дискусијата за Довженко и Манчевски ќе ги разгледува двата режисера и нивните творештва низ различни контексти.
Рускиот режисер Александар Довженко е клучен автор во развојот на филмската уметност. Сценарист, продуцент и филмски режисер, Довженко со својата дејност во почетокот на 20 век придонел во дефинирањето на модерниот филмски израз.
Манчевски, во декември, 2013 година, одржа предавање на британскиот Универзитет во Кембриџ на тема „Филм, конфликт и репрезентација“. Притоа на Кембриџ беа прикажани и неговите филмови „Мајки“ и „Пред дождот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Почна снимањето на новиот филм на Манчевски: „Врба” е љубовен филм за денешни и дамнешни души (видео)
-
По пауза од девет години Милчо Манчевски снима во Македонија (видео)
-
Панел-дискусија со Вито Флакер, Дамијан Ненадиќ и Ана Замецка на „МакеДокс“
-
На Трескавец снимени првите сцени за филмот „Врба“ на Манчевски


