| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус во август на гости во Австралија, Дел Пјеро првпат ќе игра против „старата дама“

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус во август ќе гостува во Австралија, а за првпат во кариерата иконата на „старата дама“, Алесандро дел Пјеро, ќе игра против својот клуб. Популарниот Пинтуричио од преклани настапува за Сиднеј откако претходно целата кариера настапуваше за Јувентус.

На 10 август тој ќе игра против клубот од Торино во селекцијата на најдобрите играчи што настапуваат во австралиската фудбалска лига. Дел Пјеро е поранешен капитен на Јуве, го носеше црно-белиот дрес цели 19 сезони и со 290 гола е најдобар стрелец во клупската историја на тимот од Торино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top