
Вечерва во Лондон се одржа 62. издание на свеченото доделување на БАФТА наградите што ги доделува Британската академија за филм.
За најдобар филм во изминатата година беше прогласен „12 години ропство“, за главната улога во филмот „Тажната Јасмин“, актерката Кејт Бланшет е наградена со БАФТА, а актерот Криветел Ејифор ја доби оваа награда за најдобра машка улога во филмот „12 години ропство“.
За најдобри споредни улоги наградени се Баркад Абди за филмот „Капетан Филипс“ и Џенифер Лоренс за „Американски измамник“.
Најдобар режисер е Алфонсо Куарон за филмот „Гравитација“.
Познатиот режисер и автор на култни филмови, Питер Гринавеј ја доби специјалната награда БАФТА за исклучителен придонес за британската кинематографија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија


