| четврток, 6 декември 2018 |

Во Косово ќе нема веќе звучници на верските објекти

џамија

Новиот предлог-закон за заштита од врева во Косово предвидува да нема веќе зучници на верските објекти, пишува весникот „Коха диторе“.

Предлог-законот има многу критики, а Министерот за животна средина и просторно планирање, Дардан Гаши тврди дека законот не е против џамиите, ниту против камбаните, туку против вревата.

Според него, законот, ги обврзува општините да изработат планови за дејствување базирани на резултатите од мерењето на вревата заради превенција на нивото на врева, особено кога изложувањето може да има штетни последици за здравјето на човекот.

– Исто така создава основа за поставување мерки за намалување на вревата од големи извори на врева, особено автомобилите, патниот и воздушниот транспорт и друго. Нацрт-законот исто така ги опфаќа верските заедници по консултација со нив – истакна Гаши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top