| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел, Лукијан и „Доктори“ денеска со концерт за сите вљубени

Дел од машките финалисти на „Икс-фактор“ вечерва подготвуваат посебно изненадување за своите обожаватели.

Имено, Даниел Кајмакоски, Лукијан Ивановиќ и групата „Доктори“ на Денот на вљубените, денеска во 18 часот, ќе настапуваат во белградскиот трговски центар „Стадион“.

– Ова е наш начин да им се оддолжиме на сите прекрасни луѓе што нѐ поддржуваат од емисија во емисија. Сакаме да им порачаме на сите заљубени двојки, но и на оние кои не се, да дојдат вечерва на нашиот едночасовен концерт. Зар има нешто поубаво од тоа со песна и добро расположение да се помине овој ден – порачуваат тие.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top