| четврток, 6 декември 2018 |

Превентивен уплав од изборен дебакл

Што е при­чи­на­та за стра­вот од пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, или по­точ­но - кој тре­ба да го има – опо­зи­ци­ја­та или вла­ста? Ре­ал­но, две­те, но не­го­ва­та пре­наг­ла­се­ност во СДСМ ја изд­во­ју­ва Би­ха­ќка ка­ко ап­со­лу­тен по­бед­ник во не­го­во­то пре­зен­ти­ра­ње во јав­но­ста. Не­ба­ре се ра­бо­ти за жи­во­тот. Се соз­да­ва сли­ка де­ка по из­бо­ри­те сле­ду­ва ка­так­лиз­ма и по­топ. Мо­же­би и да, ама во пар­ти­ја­та...

Страв од сенароден отказ проткаен со мазохизам

Мо­же­би „обич­ни­те“ смрт­ни­ци по­до­бро би ги раз­би­ра­ле по­ли­ти­ча­ри­те ко­га би мо­же­ле да вле­зат во нив­на­та ко­жа. Ба­рем са­мо на еден ден. Но, не кој би­ло ден, ту­ку на де­нот на из­бо­ри. И не да по­бе­дат, ту­ку да за­гу­бат. Е, тоа е си­но­ним за жи­во­тен по­раз, ве­лат свет­ски­те пси­хо­ло­зи што се за­ни­ма­ва­ат со оваа те­ма­ти­ка. Не­при­фа­ќа­ње­то на по­ну­де­на­та оп­ци­ја од на­ро­дот е страш­на ра­бо­та за за­сег­на­ти­те по­ли­ти­ча­ри. Пла­стич­но опи­ша­но, го спо­ре­ду­ва­ат со отказ на ра­бо­та, но во овој слу­чај не ги от­пу­штил еден чо­век или ду­ри и два-трој­ца ше­фо­ви во ко­ор­ди­на­ци­ја, ту­ку на­ед­наш и без­ус­лов­но ги „от­пу­шти­ле“ ил­јад­ни­ци лу­ѓе. Уште по­страш­но, отка­зот т.е. по­ра­зот е ја­вен и прет­ста­ву­ва не­из­беж­но удар врз его­то на един­ка­та и на ко­ле­кти­вот со кој се иден­ти­фи­ку­ва. Ед­но­став­но, ва­ка, оп­штес­тво­то ги отфр­ли­ло, стра­шен удар, кој ќе ја нич­ко­са се­чи­ја са­мо­до­вер­ба. Па уште за­мис­ле­те тоа да ви се слу­чу­ва се­дум па­ти во не­кол­ку го­ди­ни, пос­лед­ни­от та­ков удар да бил пред по­мал­ку од ед­на го­ди­на, а ве оче­ку­ва иста та­ква не­при­јат­на мож­ност по два ме­се­ца? Ди­јаг­но­за­та на пси­хи­ја­та­рот, во овој слу­чај, би би­ла ед­но­став­на – кла­си­чен ма­зо­хи­зам! Ед­но­ста­вен и единс­твен опис за не­кој што тол­ку мно­гу са­ка да учес­тву­ва во игра што по­сто­ја­но му пре­диз­ви­ку­ва го­ле­ма бол­ка…

Под­го­то­вки­те за но­ви­от не­ус­пех поч­наа два и пол ме­се­ца пред из­бо­ри­те. Пар­ти­ски­те ме­га­фо­ни, зас­ткри­е­ни во раз­лич­но оп­штес­тве­но ру­во, ка­ко екс­пер­ти и ка­ко но­ви­на­ри, уште од де­нот на об­ја­ву­ва­ње­то на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри, без кон­кре­тен до­каз и абер за пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни, ве­ќе на­го­ле­мо со тра­у­рен тон, во цр­на сце­но­гра­фи­ја и без ни­ка­ков ар­гу­мент нај­а­ви­ја из­бо­рен фал­си­фи­кат. До усво­ју­ва­ње­то на Из­бор­ни­от за­ко­ник тој бе­ше глав­ни­от ар­гу­мент, не­ба­ре пред не­го бев­ме Ру­ан­да, а се­га се збо­ру­ва за не­го­во евен­ту­ал­но пре­кр­шу­ва­ње. По­пу­сто беа си­те об­јас­ну­ва­ња, ду­ри и на ДИК, де­ка опо­зи­ци­ја­та не е во пра­во. Фин­ги­ра­на­та при­каз­на за хо­ро­рот и за ре­жи­мот во Ма­ке­до­ни­ја, скро­е­на во умо­ви­те на не­кол­ку­ми­на лу­цид­ни сце­на­ри­сти, про­дол­жи со исто­то тем­по…

 

Пуста желба за украинско сценарио, но им недостига народ…

Опо­зи­ци­ја­та во др­жа­ва­та на­го­ле­мо про­мо­ви­ра ат­мо­сфе­ра на страв, бо­жем­ни „ре­жим­ски“ акти, нив­ни­те пра­те­ни­ци и над­во­реш­ни пер­а пред­ви­ду­ва­ат „фал­си­фи­ку­ва­ни из­бо­ри“ и пе­си­ми­стич­ки нај­а­ву­ва­ат укра­ин­ско сце­на­рио?! И се­то тоа на де­се­ти­на де­на отка­ко вла­де­јач­ки­те пар­тии ги при­фа­ти­ја си­те за­бе­ле­шки и из­ме­ни во Из­бор­ни­от за­ко­ник.

Спо­ред про­фе­сор д-р Та­ња Ка­ра­ка­ми­ше­ва – Јо­ва­нов­ска од Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је, СДСМ ли­чи на ма­ло де­те на кое си­те му се ви­нов­ни. До­цент д-р Иван­ка До­дов­ска, пак, исто та­ка од Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је, ве­ли де­ка за укра­ин­ско сце­на­рио е по­тре­бен на­род, ре­сурс со кој СДСМ ку­бу­ри.

Tanja-Karakamiseva-analizaКаракамишева: Ко­га не­ма­те со што да се по­фа­ли­те, ко­га сте свес­ни де­ка не­ма­те да по­ну­ди­те до­стој­на по­ли­тич­ка ал­тер­на­ти­ва, а во исто вре­ме не сте до­рас­нат да се со­о­чи­те со сопс­тве­ни­те ло­ши на­ви­ки и ка­ра­кте­ри­сти­ки, се­ко­гаш е по­лес­но ви­нов­ни­кот да го ба­ра­те кај дру­ги­от. Та­ка, не мо­жеј­ќи да се со­о­чат со ви­сти­на­та, ко­ја е бол­на и ко­ја, не­сом­не­но, ба­ра вед­наш да се дејс­тву­ва и да се има план, СДСМ про­дол­жу­ва да се од­не­су­ва ка­ко ма­ло де­те на кое си­те му се ви­нов­ни. Ста­ну­ва струч­њак во про­на­о­ѓа­ње „ре­жим­ски еле­мен­ти во си­сте­мот“ за­тоа што е не­мо­ќен да се со­о­чи со сопс­тве­ни­те ре­жим­ски ка­дри, кои ја др­жат пар­ти­ја­та во за­лож­ниш­тво, во се­кое вре­ме и на се­кое ме­сто се рас­по­ло­же­ни да збо­ру­ва­ат за евен­ту­ал­ни из­бор­ни фал­си­фи­ка­ти од не­ви­ден обем за да не се со­о­чат со ви­сти­на­та де­ка на из­бо­ри не се оди со му­а­бе­ти, со двор­ски ме­стен­ки и со про­гра­ма на­пи­ша­на на сал­фе­тка, ту­ку со ви­стин­ски, стра­те­ги­ски ос­мис­ле­на по­ли­ти­ка и со из­др­жа­на др­жав­на стра­те­ги­ја на кра­ток, сре­ден и на долг рок. Сѐ до­де­ка СДСМ не се ос­ло­бо­ди од сопс­тве­ни­от кош­мар, кој за­ед­но со нив ко­ла­те­рал­но, без ни­ка­ква ви­на, нѐ из­ма­чу­ва и нас ка­ко за­ед­ни­ца, ќе про­дол­жи­ме да сто­и­ме на ста­ни­ца­та на пе­си­миз­мот и на „укра­ин­ско­то сце­на­рио“, кое опо­зи­ци­ја­та најм­но­гу го по­са­ку­ва, а кое, за на­ша сре­ќа, не­ма да се слу­чи за­тоа што на­ро­дот е по­у­мен од тоа што СДСМ мис­ли де­ка е.

Ivanka-Dodovska-analizaДодовска: Во ра­ко­водс­тво­то на опо­зи­ци­ја­та, ка­ко и во нив­но­то членс­тво, има обра­зо­ва­ни лу­ѓе, кои се свес­ни за мож­но­сти­те на пар­ти­и­те во опо­зи­ци­ја и за нив­ни­от реј­тинг. Се­ка­ко де­ка ли­де­ри­те на опо­зи­ци­ја­та ги слу­ша­ат сво­и­те чле­но­ви и сим­па­ти­зе­ри и иа­ко не жи­ве­ат ме­ѓу на­ро­дот, не мо­жат да си го доз­во­лат лу­ксу­зот да пре­ста­нат да слу­ша­ат за на­ро­дот. Ви твр­дам де­ка сце­на­ри­ја од ти­пот на тоа во Укра­и­на се ап­со­лут­но не­воз­мож­ни би­деј­ќи за тоа ви е по­тре­бен на­род, а во овие ус­ло­ви опо­зи­ци­ја­та во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја сѐ уште не рас­по­ла­га со тој не­оп­хо­ден ар­гу­мент.

 

Сдсмовски политички феномен вреден за истражување

Опо­зи­ци­ска­та по­ли­ти­ка до­не­се го­ле­мо зло и те­шки уда­ри врз уг­ле­дот на зем­ја­та, ве­ли Ка­ра­ка­ми­ше­ва-Јо­ва­нов­ска, спо­ред ко­ја СДСМ и на­та­му е де­зо­ри­ен­ти­ра­на пар­ти­ја, чиј­што гла­вен бе­лег е ре­те­ри­ра­ње во од­лу­ки­те.

Tanja-Karakamiseva-analizaКаракамишева: СДСМ ве­ќе по­долг вре­мен­ски пер­и­од има иск­лу­чи­тел­но ло­ша по­ли­тич­ка про­це­на на со­стој­би­те во зем­ја­та и до­кол­ку во­оп­што има ос­мис­ле­но по­ли­тич­ка стра­те­ги­ја на дејс­тву­ва­ње, таа оди на ште­та, пред сѐ, на ин­те­ре­си­те на СДСМ ка­ко нај­го­ле­ма опо­зи­ци­ска пар­ти­ја, но, уште по­важ­но, таа е спро­тив­на на ин­те­ре­си­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Со на­чи­нот на по­ли­тич­ко­то дејс­тву­ва­ње, СДСМ, свес­но или не, ги по­тко­пу­ва де­мо­крат­ски­те вред­но­сти во зем­ја­ва на сме­тка на про­мо­ви­ра­ње ан­ти­де­мо­крат­ски со­стој­би и ак­ции. Да по­тсе­ти­ме де­ка ток­му СДСМ пред са­мо ед­на го­ди­на бе­ше ста­вен во це­лос­на мо­би­ли­за­ци­ја за при­ме­на на по­ли­ти­ка што има­ше ан­ти­др­жа­вен предз­нак, ток­му СДСМ го по­ви­ку­ва­ше на­ро­дот на ули­ца со цел пре­ку ули­ца­та и пре­ку заб­лу­да­та што ја ши­ре­ше на­се­ка­де за „крај на ре­жи­мот на Гру­ев­ски“ да ги пре­скок­не из­бо­ри­те ка­ко нај­де­мо­крат­ска вред­ност и та­ка ули­чар­ски да ја освои вла­ста. Оваа по­ли­ти­ка на­не­се го­ле­мо зло врз уг­ле­дот и кре­ди­би­ли­те­тот на зем­ја­ва, без раз­ли­ка што ка­ко бу­ме­ранг ѝ се вра­ти по гла­ва и на СДСМ.

Спо­ред неа, оваа пар­ти­ја ста­на за­лож­ник на сопс­тве­на­та по­ли­тич­ка куј­на, чиј­што гла­вен го­твач, то­гаш гла­вен во­дач – а се­га го­твач од зад­ни­на, ги из­ме­ша ре­цеп­ти­те и се­га ма­ка ма­чи ка­ко да го сре­ди тој ха­ос и ка­ко да ги вра­ти ра­бо­ти­те во ко­ло­сек што ќе би­де при­фа­тен ка­ко нор­ма­лен. Ло­ша­та по­ли­тич­ка про­це­на, ве­ли таа, ѝ до­не­се го­ле­ма по­ли­тич­ка ште­та на зем­ја­та, но иа­ко ште­та­та е на­пра­ве­на, ако се зе­ме пред­вид вкуп­но­то од­не­су­ва­ње на СДСМ, не е изв­ле­че­на по­у­ка.

Tanja-Karakamiseva-analizaКаракамишева: Оваа пар­ти­ја и на­та­му е по­ли­тич­ки де­зо­ри­ен­ти­ра­на, и на­та­му неј­зи­но ос­нов­но обе­леж­је е ре­те­ри­ра­ње во по­ли­тич­ки­те од­лу­ки, дви­же­ње од ед­на во дру­га крај­ност за иста ра­бо­та, не­ма­ње по­ли­тич­ка кон­зи­стент­ност, ко­ја е клуч­на за се­ко­ја се­ри­оз­на пар­ти­ја, но и за се­кој се­ри­о­зен и ста­би­лен чо­век. От­ту­ка, во­оп­што не тре­ба да нѐ за­чу­ду­ва де­ка и од пра­ша­ње­то за пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, кои, па­тем ре­че­но, се дел од мар­тов­ски­от до­го­вор за кој беа најг­лас­ни и најм­но­гу се ра­ду­ваа де­ка е нив­ни по­ли­тич­ки ус­пех, се­га бе­га­ат ка­ко од чу­ма. Со си­те свои до­се­гаш­ни по­стап­ки и од­не­су­ва­ња СДСМ да­ва ин­те­рес­ни ма­те­ри­ја­ли за истра­жу­ва­ње на еден, би го на­рек­ла, сдсмов­ски по­ли­тич­ки фе­но­мен, во чи­ја­што есен­ци­ја се на­о­ѓа не­го­ва­та глав­на по­ен­та – опо­зи­ци­ја што бе­га од из­бор­но со­о­чу­ва­ње со гра­ѓа­ни­те, не­што што во по­ли­тич­ка­та те­о­ри­ја е не­чу­е­но и се тре­ти­ра ка­ко пре­се­дан. Ако во си­те де­мо­крат­ски си­сте­ми опо­зи­ци­ја­та на го­ле­мо ра­бо­ти за што по­ско­ро да дој­де до из­бо­ри и да ги по­ка­жат сво­и­те по­ли­тич­ки про­гра­ми и ви­зии за зем­ја­та, во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја опо­зи­ци­ја­та, или кон­крет­но СДСМ, бу­квал­но, бе­га од из­бо­ри, а исто­вре­ме­но не ну­ди по­ли­тич­ка про­гра­ма во ко­ја на ин­те­гра­лен на­чин ќе ги прет­ста­ви сво­и­те пог­ле­ди и по­ли­ти­ка за раз­вој на зем­ја­та. Овој по­ли­тич­ки фе­но­мен, на­ви­сти­на, вре­ди да се истра­жу­ва на ин­тер­дис­цип­ли­на­рен на­чин (по­ли­тич­ки, со­ци­о­ло­шки, еко­ном­ски, но и пси­хо­ло­шки) би­деј­ќи мис­лам де­ка во не­го­ви­от ко­рен се на­о­ѓа фор­му­ла­та за по­ли­тич­ки­от не­ус­пех на СДСМ. Ко­ре­нот на фе­но­ме­нот нај­ед­но­став­но се опи­шу­ва пре­ку се­којд­нев­ни­те со­стој­би што вла­де­ат во оваа пар­ти­ја, а кои се ка­ра­кте­ри­зи­ра­ат со ден­гу­бе­ње, не­ра­бо­та, ма­ло­гра­ѓанс­тво, бе­скрај­ни ви­зан­ти­ски игри… Ме­сто да се за­ни­ма­ва со ва­кво по­ли­ти­кант­ство, СДСМ тре­ба се­ри­оз­но да ги за­су­ка ра­ка­ви­те, да го за­грее стол­че­то и да се фа­ти за ра­бо­та, да ги от­стра­ни од сво­е­то тки­во не­ра­бот­ни­ци­те, кои ни се до­бро поз­на­ти, и да ја иско­ре­ни ма­ло­гра­ѓан­ска­та по­ли­ти­ка со ко­ја за­луд­но го гу­би вре­ме­то.

Спо­ред До­дов­ска, пак, ос­но­ва на ре­те­ри­ра­ње­то на опо­зи­ци­ја­та во жел­ба­та за из­бо­ри, ко­ја бе­ше ос­но­ва на ми­на­то­го­диш­ни­те про­те­сти, се ка­та­стро­фал­ни­те ре­зул­та­ти на ло­кал­ни­те из­бо­ри, кои, по пра­ви­ло, во ма­ке­дон­ска­та со­вре­ме­на исто­ри­ја од 90-ти­те го­ди­ни на 20 век до де­нес беа сво­е­ви­ден ре­пер за ид­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри. Од тие при­чи­ни, неј­зи­ни­те раз­мис­лу­ва­ња одат во на­со­ка де­ка опо­зи­ци­ја­та е свес­на за ре­ал­ни­те преч­ки со кои е со­о­че­на и от­та­му се оби­ду­ва да ја све­де по­ли­тич­ка­та би­тка на днев­на ос­но­ва и на праз­на фра­зе­о­ло­ги­ја, ко­ја, во су­шти­на, не ве­ту­ва ни­што спе­кта­ку­лар­но за по­до­бру­ва­ње на стан­дар­дот на ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни.

Ivanka-Dodovska-analizaДодовска: Мно­гу­па­ти во из­ми­на­та го­ди­на ед­на од нај­же­сто­ки­те те­ми прет­ста­ву­ва­ше фа­бри­ку­ва­ни­от 24 де­кем­ври и ба­ра­ње­то на опо­зи­ци­ја­та за пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, но, лич­но, ни­ед­наш не слуш­нав ар­гу­мент со кој тие ви­стин­ски беа ре­ше­ни да се из­бо­рат за мож­но­ста по­ра­ди ко­ја ќе се слу­чеа. По­крај ди­ве­е­ње­то во Со­бра­ни­е­то и пред не­го и на­па­дот врз пре­тсе­да­те­лот на Со­бра­ни­е­то, опо­зи­ци­ја­та, пред­во­де­на од Цр­вен­ков­ски, со Со­ју­зот за ид­ни­на­та (кој бе­ше во нај­а­ва), во су­шти­на, има­ше на ум и дру­го сце­на­рио. Сме­там де­ка зад фло­ску­ла­та за ит­но рас­пу­шта­ње на Со­бра­ни­е­то и за рас­пи­шу­ва­ње пред­вре­ме­ни из­бо­ри се кри­е­ше план за це­ло­сен ко­лапс на це­ли­от ин­сти­ту­ци­о­на­лен си­стем во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и пре­ку пре­диз­ви­ку­ва­ње­то ха­ос, цел­та им бе­ше да ја ур­нат ле­ги­тим­но из­бра­на­та власт на еден не­де­мо­крат­ски на­чин, со рас­па­лу­ва­ње улич­ни не­ми­ри и со гра­ѓан­ска не­пос­луш­ност. Отка­ко тоа, се­пак, не се слу­чи, по­во­дот за рас­пи­шу­ва­ње пред­вре­ме­ни из­бо­ри ста­на же­жок ко­стен во длан­ки­те на опо­зи­ци­о­не­ри­те и се­га, во ни­е­ден слу­чај, не се среќ­ни со мож­но­ста што им се ука­жу­ва, а ко­ја, во друг слу­чај и во ус­ло­ви на ви­стин­ска кли­ма, се­ка­ко, нај­до­бро­вол­но би ја при­фа­ти­ле.

Inked_finger-copy

Електронско гласање vs мастилав прст?!

На што ќе ли­чи Ма­ке­до­ни­ја со гра­ѓа­ни-гла­са­чи, чи­и­што пр­сти ќе има­ат це­лод­нев­на обо­е­ност со си­но ма­сти­ло, ед­но од ба­ра­ња­та на опо­зи­ци­ја­та, акт ка­ра­кте­ри­сти­чен за зем­ји ка­ко Авга­ни­стан и Зим­баб­ве. Го пот­це­ну­ва ли СДСМ ка­па­ци­те­тот на сопс­тве­ни­от на­род, па­ра­лел­но соз­да­вај­ќи пер­цеп­ци­ја кај за­пад­ни­те парт­не­ри и ин­сти­ту­ции де­ка ов­де вла­дее не­ка­ков си то­та­ли­та­ри­зам, ка­ра­кте­ри­сти­чен за јуж­но­а­ме­ри­кан­ски­те ба­на­на-др­жа­ви?

Tanja-Karakamiseva-analizaКаракамишева: Од­бе­ле­жу­ва­ње со вид­ли­во ма­сти­ло е тех­ни­ка што се при­ме­ну­ва­ла пред по­ве­ќе од еден и пол век. Де­нес таа не са­мо што не се при­ме­ну­ва ни­ка­де во де­мо­крат­ски­те европ­ски зем­ји, а и по­ши­ро­ко, ту­ку е деп­ла­си­ра­на и ка­ко исто­ри­ска ка­те­го­ри­ја мно­гу ре­тко се об­јас­ну­ва во те­о­ри­ја­та на из­бор­но­то пра­во. Во ус­ло­ви ко­га во де­мо­крат­ски­от свет се уна­пре­ду­ва­ат мо­да­ли­те­ти­те и тех­ни­ки­те на еле­ктрон­ско­то гла­са­ње и ко­га са­ми­от из­бо­рен про­цес сѐ по­ве­ќе се усо­вр­шу­ва и на­пре­ду­ва, опо­зи­ци­ја­та пред­ла­га од­бе­ле­жу­ва­ње на из­би­ра­чи­те со ма­сти­ло не­ба­ре сме на фар­ма. Овие и ва­кви пред­ло­зи го на­вре­ду­ва­ат ма­ке­дон­ски­от из­би­рач, не­го­ви­от гра­ѓан­ски, но и ин­те­ле­кту­а­лен ка­па­ци­тет. Да би­де тра­ге­ди­ја­та по­го­ле­ма, ова пра­ша­ње во­оп­што не бе­ше за­бе­ле­шка, ни­ту пре­по­ра­ка во из­ве­шта­и­те на ОБСЕ/ОДХР и на Ве­не­ци­јан­ска­та ко­ми­си­ја. Што зна­чи са­ми­те си го одре­див­ме сопс­тве­ни­от ка­па­ци­тет, си на­пра­вив­ме авто­пор­трет… И по­тоа не­кој друг ни е ви­но­вен.

Ivanka-Dodovska-analizaДодовска: На тоа нај­до­бро би би­ло да ви од­го­во­рат тие што го ба­ра­ат. Лич­но, ве­ру­вам во де­мо­крат­ски­от ка­па­ци­тет на гра­ѓа­ни­те и твр­дам де­ка и до­се­гаш­ни­те ме­ха­низ­ми за дос­лед­но спро­ве­ду­ва­ње на де­мо­крат­ски из­бо­ри во на­ша­та др­жа­ва беа на ви­со­ко ни­во. До­кол­ку опо­зи­ци­ја­та се сом­не­ва и ба­ра до­пол­ни­тел­ни га­ран­ции, и до­кол­ку се пра­шу­вам јас, би ѝ ги по­ну­ди­ла не­се­бич­но би­деј­ќи на тој на­чин би се за­пре­ле си­те кон­струк­ции и оби­ди за ма­ни­пу­ли­ра­ње со гла­са­чи­те. Впро­чем, ни­ед­на власт не е веч­на, па от­та­му не­га­тив­но го оце­ну­вам од­не­су­ва­ње­то на опо­зи­ци­ја­та, ко­ја при­до­не­су­ва за раз­го­ру­ва­ње­то ка­ко на вна­треш­ни­те ан­та­го­низ­ми ме­ѓу лу­ѓе­то, та­ка и за соз­да­ва­ње ло­ша сли­ка за ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва над­вор. Осо­бе­но во тој пог­лед мо­ра­ме да се уг­ле­да­ме на на­ши­те со­се­ди, кои мно­гу одам­на ја на­у­чи­ја таа ос­нов­на лек­ци­ја, де­ка проб­ле­ми­те се ре­ша­ва­ат до­ма и иск­лу­чи­тел­но до­ма, а над­вор си­те се единс­тве­ни ко­га ста­ну­ва збор за стра­те­ги­ски­те це­ли на др­жа­ва­та!

(Пишува: Љупчо Цветановски
Текст објавен во 75. број на неделникот „Република“, 7.02.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top