
Илија Димовски повторно одржа безначаен монолог и ништо не кажа. Денеска разбравме дека сака да биде вклучен и во кадровската политика на СДСМ. По кој знае кој пат го повикуваме да одговори на три многу едноставни прашања: Зошто не го објавува договорот помеѓу Клинички центар и ОКТА за набавка на мазут за 2014 година?, Кoлку вработени има во државната администрација? Зошто не покаже барем еден налог за исплата на пари од ВМРО – ДПМНЕ кон кој било кој медиум за црната кампања што ја водат против опозицијата? Дали тоа значи дека такви налози нема и дека кампањата се финансира од Буџетот на државата? – реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, на која тој побара Зоран Дамјановски и Дамјан Манчевски да го поништат тендерот или да понесат политичка одговорност.
ВМРО-ДПМНЕ возврати:
СДСМ и Дамјан Манчевски немаат доблест. Да имаа доблест ќе го раскинеа договорот. Се друго е само млатење празна слама. Се друго е само изговор како да се скрие вистината дека потпретседателот на СДСМ добил тендер во Општина Куманово. Уште еднаш ги повикуваме Манчевски и Дамјановски доколку имаат доблест да го раскинат договорот поради етички причини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


