| четврток, 6 декември 2018 |

Протести во Ниш поради убиство на студент

33Во Ниш, Србија, синоќа протестираа повеќе стотици луѓе поради убиство на 22- годишниот студент пред една кафетерија во близина на градскиот парк. Тој бил повеќе пати прободен со нож. Граѓаните протестирале со запалени свеќи и со порака дека очекуваат да се спроведе правдата и безбедност во Ниш.

333Но, според најавите, протестот не застанува тука. Веќе преку интернет се најавува масовен протест, а објавата ја поддржале преку 15.000 лица.

3333Случајот и истрагата предизвикаа сомнеж кај граѓаните откако прво била пуштена информација дека се трага по двајца сторители од кои еден е син на познат угостител во Ниш, за потоа неговото име да исчезне меѓу осомничените. Студентот Вук Стоиљковиќ бил убиен во понеделникот вечерта, а полицијата соопшти дека уапсила убиецот, дваесетгодишно момче, кое со нож го убило студентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top