Опозициската партија утре закажува средба со граѓаните за да го престави кандидатот за градоначалник на град Скопје Јани Макрадули.
-Утре (вторник), во 18:00 часот, трибина на младите од Карпош со кандидатот за градоначалник на град Скопје, Јани Макрадули. Трибината ќе се одржи во бараките, до средното училиште “Георги Димитров”. Го очекуваме Вашето присуство, стои во повикот на партијата.
Останува нејасно зошто раководството на партијата се уште јавно не го соопштат тоа. Според последните информации кои ги пренесуваат медиумите, во СДСМ има големо незадоволство за неизвесноста што партија секојдневно ја манифестира. Членстовото негодува што се ближи датумот за изборите, а тие се уште се неподготвени, пишува еВести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


