Перо Антиќ нема да игра на Мечот на Сите Ѕвезди, популарниот Ол Стар викенд на НБА.
Иако избран од тимот на руки-тимот, Грент Хил, за мечот за ѕвездите во подем, вечерва е известено дека наместо него е повикан Мајлс Пламли. Единствена причина е повредата на скочниот зглоб која што го спречи Антиќ да настапи како прв и единствен македонец во американската професионална кошаркарска лига да заигра и на Ол Стар викендот, пренесува порталот Екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


