
Дел од медиумите кои што тврдат дека се професионални и независни а кои што работат под диктат на СДСМ попладнево ја признаа својата пристраснот и политичка обоеност.
Остро реагираат на текстот објавен во повеќе медиуми според кој и познатата CNN објавила текст за скандалот со 3000 евра вредната кирија која што сопругот на потпретседателката на СДСМ си ја плаќа сам на себе.
Според нив не било професионално што во текстот кој што го објави „Република“ на истата тема не било наведено дека се работи за специјализираниот сервис на американската телевизија „ I Reporter“.
Да не работеле по диктат со едно читање на текстот на „Република“ ќе забележеа дека во него се наведува дека се работи за наведениот сервис.
Дополнително медиумите на СДСМ финансирани од Сорос пред неколку дена кога беше објавена веста за лошите услови во Битолското средно музичко училиште воопшто не го сторија тоа што го бараат денеска. Имено во сите написи на опозиционите медиуми никаде не се наведува дека се работи за сервисот I Reporter за кој денеска толку жолчно реагираат.
Колку е дволична тезата на медиумите на СДСМ е и фактот што приказната за битолското музичко училиште прва беше објавена од Канал 5 Телевизија која што од истите медиуми постојано е напаѓана дека е провладина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


