| четврток, 6 декември 2018 |

Русија и Италија во финалето на ЕП во футсал

Репрезентациите на Русија и на Италија ќе ги одмерат силите во утрешното финале на ЕП во футсал. Русите успеаја да ги победат Шпанците како неприкосновени шампиони девет години по ред, со 4-3 по продолженијата. Стрелец на победоносниот гол беше Робињо на 66 секунди до крајот на продолжението. Мечот заврши 3-3 во регуларниот дел откако Шпанците успеаја да го израмнат резултатот на две минути до крајот. Италија по победата над Хрватска во четврт-финалето со идентичен резултат од 4-3 ја победија Португалија во полуфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top