| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата заплени 500 литри ракија

rakija-srbija

Полициска патрола сопрела неготинец, кој во својот автомобил носел дури 500 литри ракија од домашно производство наменета за продажба.

Според МВР, вчера на улица „Херој Карпош“, во Крива Паланка, од страна на полициски службеници, при вршење на редовна контрола на моторни возила, извршен е преглед на патничко моторно возило, сопственост и управувано од страна на лицето З.Б.(39), од Неготино, а како сопатник во возилото било и лицето П.Б. (32) од Неготино, при што се пронајдени петстотини литри домашна ракија, пакувана во пластични шишиња од по 1,5 литар и од 2 литра. По известување на Државниот пазарен инспектор, возилото во кое се наоѓала ракиијата, како и лицата, се задржани заради натамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top