
Нина Холмс
Нина Холмс од Велс починала, а осум Британци се во болница по вечерна забава во бугарското скијачко одморалиште Боровец, пишуваат британските медиуми.

Нина Холмс со момчето на Боровец
Според написите, Холм колабирала пред еден клуб во Боровец, а осум други Британци се во критична состојба во болница. Полицијата повела истрага, а британската полиција најавува дека ќе се изврши обдукција откако нејзиното тело ќе биде вратено во Велика Британија.
Нема детали за тоа од што починала Британката во ова зимско туристичко место во кое зимуваат многу британски туристи .

Боровец, Бугарија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


