| четврток, 6 декември 2018 |

„Збогум инфинитив“ на Дубравко Наумов во домот на култура „Илинден“

„Збогум инфинитив“ на академскиот сликар Дубравко Наумов е отворена во Домот на културата „Илинден“ , а во рамките на посетата на делегацијата на Општина Решатари на Општина Илинден. На изложбата покрај градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, делегацијата од Хрватска предводена од градоначалникот на Општина Решетари, Златко Ага, заменик амбасадорот во хрватската амбасада во Република Македонија, д-р Стјепан Глас, бискуп монсињор Антун Циримотиќ,  присуствуваа голем број љубители на уметноста, а меѓу нив и членови на Хрватската заедница во Македонија.

Изложбата ја отвори Антоанета Штефанчиќ. Изложбата досега била поставена во Брисел, Париз и во рамкте на Скопско лето и Охридско лето, а проектот опфаќа 15 дела изработени на акварелна хартија во комбинирана техника-цртеж, туш, пастел и акрили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top