| четврток, 6 декември 2018 |

Какви ќе бидат училишните униформи на основците во Аеродром? (фото)

униформи

Учениците во основните училишта во скопската населба Аеродром од септември ќе носат училишни униформи. Првиот комплет ќе биде бесплатен.

униформи1

– Со тоа сакаме да се постигне чуство на еднаквост меѓу децата и да нема поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување. Од друга страна, пак, на родителите ќе им се намалат трошоците за купување гардероба, која некои родители не можат да си ја дозволат – изјави Ивица Коневски, градоначалникот на Аеродром.

Министерот за образование и за наука Спиро Ристовски го поздрави проектот како позитивен пример и апелираше овој тренд да го прифатат и другите општини во Република Македонија.

уноформи2

Училишната облека ќе се состои од сиви панталони, бели блузи и тегет елеци со амблем, на кој ќе биде извезено логото на општина Аеродром и името на училиштето. Девојчињата ќе имаат можност да одберат здолниште или панталони.

Целта на овој проект е сите ученици да бидат облечени во униформи, а со тоа, според градоначалникот Ивица Коневски, основните училишта во општина Аеродром ќе ги достигнат стандардите на училиштата од европските метрополи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top