| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо доби суспензија од три натпревари

Дисциплинската комисија при Шпанската фудбалска федерација денеска го казни Кристијано Роналдо со забрана за настап на три натпревари.

Роналдо на натпреварот со Атлетик Билбао, што се играше во неделата на „Сан Мамеш“, беше исклучен откако удри противнички играч, а потоа за лице фати друг фудбалер на Билбао.

Според распоредот во Примера, Роналдо нема да игра со Хетафе, Вилјареал и со Елче, но ќе му биде достапен на Анчелоти во полуфиналето од Купот против Атлетико Мадрид. Реал Мадрид има право да поднесе жалба за оваа одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top