| четврток, 6 декември 2018 |

Регулаторот побара почитување на стандардите при информирање во тек на изборни кампањи

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги преку соопштение ги потсетува медиумите дека при информирање за општествени теми и настани, а особено за време на чувствителни периоди како што се изборни кампањи.

Од таму велат дека треба да водат сметка за почитување на професионалните новинарски стандарди, принципи и начела утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

– Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во основните начела, меѓу останатото, налага радиодифузерите во своите програми да обезбедат објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување слободно оформување на мисле​њето на публиката за одделни настани и прашања и да го поттикнуваат духот на толеранција, заемно почитување и разбирање меѓуиндивидуи од различно етничко и културно потекло, соопшти денеска Агенцијата за аудио иаудиовизуелни медиумски услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top