
Десетгодишно дете од Скопје се здобило со скршеница на левата потколеница, а уште четири лица се полесно повредени откако вчера околу 15 часот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка врз нив налетало и ги удрило патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици што го управувал Г.С. (26) од Скопје, информира денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
„Мерцедесот“, како што појасни Јосифовски, се движел од Попова Шапка кон Тетово при што прво удрил во петтемина пешаци Б.Б(10), А.В(20), А.В(36), И.В(38) и Х.В(15), сите од Скопје, а потоа и во паркиран „ситроен“, кој се придвижил и потоа удрил во, исто така, паркиран „опел вектра“. И двете паркирани возила биле со скопски регистарски таблички.
– Во несреќата, 10-годишниот пешак се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на лева подколеница) и по укажана помош во тетовската клиничка болница е пренесен на скопските клиники, додека другите четворица пешаци со телесни повреди се пуштени на домашно лекување. Вкупната материјална штета се проценува на околу 40.000 денари. По овластување на јавен обвинител извршен е комплетен увид и се преземаат активности за целосно расветлување на сите поединости во врска со причините и сè друго околу несреќата – изјави Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


