| четврток, 6 декември 2018 |

Урнат облакодер во Франкфурт (видео)

Речиси еден тон експлозив сместен во 1.500 избушени дупки – тоа беше потребно за денеска  да се урне 116-метарската кула АфЕ во Франкфурт. Тоа е највисоката кула во Европа што некогаш е урната со експлозив.

Заштитни препреки, високи шест метри, беа подигнати околу облакодерот за да спречат оштетување на околните градби. Од резервоари со вода, во кои имаше по 1.000 литри вода, се распрскуваше во воздухот околу зградата за да се спречи создавање на премногу прашина при нејзиното паѓање.

1453684057-sprengung-afe-turm-frankfurt-jt34Целата област беше затворена, а 500 лица стоеја на располагање за евентуална помош. Облакодерот е највисоката зграда во Европа што некогаш била срушена со користење на експлозив. Кратко по 10 часот утрово, зградата падна за неколку секунди.

Таа до неодамна беше седиште на оддел за социјална наука и образование на Универзитетот „Јохан Волфганг Гете“. До март 2013-та година зградата беше користена од Универзитетот, по што персоналот од неа беше пренесен во новиот универзитетски кампус во Франкфурт.Ослободениот простор е дел од планиран културен кампус. На местото на срушениот универзитетски облакодер треба да се изградат две деловни згради – од 100 и 140 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top