
Николопулос ова го изјави во својот говор на настан организиран од партијата Независни Грци во Солун посветен на надворешната политика и националната одбрана на Грција.
Тој во својот говор, кој го почна со зборовите „овде во Солун, каде што чука срцето и умот на Македонија“, ја нападна грчката Влада обвинувајќи ја дека нема никаква надворешна политика ниту национална стратегија.
Според него, „Солун е главниот град на Македонија“, додека Грците кои живеат во северниот дел на земјата ги нарекува „Македонци“.
Никос Николопулос во јули минатата година поднесе оставка од функцијата заменик-министер за труд, само некоку часа откако Владата на Андонис Самарас доби поддршка во Парламентот по изборите. Неколку месеци подоцна тој беше отстранет од парламентраната група на Нова демократија поради отвореното спротивставување на политиката на Самарас. Тој сега е во Христијанско-демократското движење за кое вели дека ќе прерасне во политичка партија „кога ќе дојде време“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


