
Рускиот град Сочи, домаќин на Зимските олимписки игри (ЗОИ) кои почнуваат в петок, на 7 февруари, најмил приватна фирма да ги убие кучињата-скитници пред почетокот на Игрите!
Опишувајќи ги овие животни како „биолошко ѓубре“, сопственикот на фирмата признал дека за извршување на оваа задача користат отров и замки, а се со цел Сочи пред почетокот на Игрите да биде „чист“ пред доаѓањето на спортистите и туристите.
Веста ги разлути активистите за правата на животните, кои мислеа дека официјалните лица во Сочи се откажаа од плановите за истребување на кучињата-скитници. Сопственикот на фирмата Алексеј Сорокин вели дека овие кучиња се опасност за Игрите.
-Замислите за време на ЗОИ ски-скокач со голема брзина да слета на патеката, а пред него се појави куче-скитник. Тоа би било смртоносно – изјави тој.
Неговата фирма е само една од оние кои во Русија се занимават со истребување на вакви кучиња. Во главниот град Москва, постојат проблеми меѓу активистите и граѓаните „ловци на кучиња“, кои оставаат отровно месо во парковите каде што се собираат кучињата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


