Пет лица денеска загинаа, а три се повредени кога од еден патнички брод се откачил чамецот за спасување и паднал во море на Канарските Острови.
Несреќата се случила во пристаништето Санта Круз во Ла Палма. Спасувачката служба добила повик да интервенира, откако чамецот во кој имало повеќе луѓе се откачил од бродот, кој носел британско знаме.
Националноста на загинатите се уште не е објавена. Повредени се тројца мажи, од кои еден грчки државјанин – соопшти локалниот спасувачки центар. Други детали за несреќата засега не се соопштени.
ФОТО: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Најмалку 50 лица загинаа во пожарите во Калифорнија



