| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска променливо облачно со услови за краток дожд

oblaci so sonce

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утрово во некои котлини ќе има услови за појава на слаба магла, а во западните делови од земјава ќе има услови за локален краткотраен дожд и краткотраен снег на планините.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од осум до 13 степени.

И во Скопје ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Изутрина ќе има појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top